Home / алтернативна медицина / Лековитите својства во звукот на водата

Лековитите својства во звукот на водата

Многу луѓе ги припишуваат обновувачките својства на седењето крај морето или планински поток на негативно наелектризирани јони формирани од движечката вода.

Бројни истражувања ги докажуваат најздравите предности на негативната јонска средина – од намалување на депресијата до забрзување на процесот на лекување кај пациенти со изгореници.

voda-300x224Шепотот на морето и шумолењето на планинскиот поток потсетуваат на ритамот на животот.

Има сепак и една уште подлабока причина за исцелителната моќ на овие места. Шепотот на морето и шумолењето на планинскиот поток потсетуваат на ритамот на животот. Човечкото тело е полно со ритмови – од фреквенцијата на нашето дишење до срцебиењето и нашите хормонални циклуси. Кога се наоѓаме во природна ритмичка средина, нашите тела се синхронизираат и хармонизираат со ритамот на природата.

Невролошките истражувања утврдиле дека слушањето на звуците на водата можат да го зајакнат имунолошкиот систем.

Не секој и секогаш има време и можност да поминува покрај морето или планински потоци. За таа цел постојат развиени подготвени видео записи на природни извори, кои што можете да ги слушате  дома.

Друг начин да се добијат овие позитивни ефекти е да си направите или купите домашна фонтана. Звукот е поважен од тоа како изгледа фонтаната, затоа аранжирајте ги  камењата околу водотекот, за да добиете смирувачки звук, и да медитирате во пријатна хармонија.

Заедно со звукот во продолжение, побарајте Relax музика на Јутуб, пуштете ги и двете видеа истовремено и уживајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top