Free songs
Home / бабини рецепти / Лековит ликер од жалфија

Лековит ликер од жалфија

Веќе 4.000 години жалфијата е позната како растение кое чудесно лечи многу болести, а кај некои народи е сметана за светост.

ZALFIJAЖалфијата целата таа слава ја стекнала пред сè од безбројните примери за својата лековитост. Старите народи ја употребувале како лек за речиси сите болести. Таа се наоѓа во рецептите на лекарите во стариот Египет, Грција и Рим, а на истокот и на западот во средниот век е издадена книга за нејзините лековити својства за ревматизмот, болестите на устата и грлото, варењето, воспален мочен меур, ноќно потење…

Денес ви претставуваме рецепт за лековит ликер од обична жалфија.

Состојки:

Ликер за аперитив

– 500 грама шеќер

– 1/2 литри вода

– 1 литар ракија

– 3 раце/150 грама свежи цветови жалфија

– по желба 2 парчиња од лимон, ванила

Ликер за стомачни проблеми

– 100 грама шеќер

– 1 литар ракија

– 3 раце/150 грама цветови жалфија

Подготовка:

Ликер за аперитив:

Направете сируп од зовриена вода и шеќер. Оладете го и додадете ја ракијата. Во поголема тегла или шише ставете ги цветовите од жалфија. Прелијте ја и мешавината од сируп и ракија, и оставете го на сонце 6 недели, и повремено промешувајте.

Ликер за стомачни проблеми:

Во поголема тегла или шише ставете ги цветовите од жалфија. Додадете шеќер и ракија. Оставете го на сонце 6 недели, и повремено промешувајте.

Не можете да погрешите колку жалфија и да ставите, ликерот може да биде само погуст ако ставите повеќе цветови жалфија, кога ќе го процедите само додадете малку ракија ако ви е премногу густ.

365.com.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top