Free songs
Home / природен лек / Лек за запек

Лек за запек

Семето на ленот се користи за заштита на слузокожата, а поради својството да омекнува, се употребува против запек и за чистење на цревата.

wcМелените семки од лен, од една страна ја омекнуваат содржината на цревата, а од друга страна ги „подмачкуваат“ цревата и го олеснуваат движењето на содржината низ нив.

За превенција од опстипација (запек), се препорачува секојдневно консумирање една лажица мелено семе од лен, како додаток на основниот оброк.

Важно е да се истакне дека овој природен лек не е воопшто штетен, па затоа, без страв можете да го користите како додаток на јадењата. Освен што помага кај запекот, лененото семе го намалува холестеролот, ја поттикнува детоксикацијата на организмот, го намалува ризикот од рак на дојка и од други видови карцином.

За разлика од разните лаксативи, кои во претерани количини, односно со нивно злоупотребено користење може да дојде до сериозни нуспојави, лененото семе е сосема здрав производ без несакани последици за здравјето.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top