Free songs
Home / бабини рецепти / Лек за срце со вино – по рецепт на Монахиња од 12 век

Лек за срце со вино – по рецепт на Монахиња од 12 век

Sveta-Hildegarda-Hildegard-von-BINGENМонахињата Хилдегард фон Бинген живеела пред 800 години а пред крајот на својот живот објаснила дека сите нејзини записи и се’ она што го напишала потекнува единствено од небесните слики кои преку Бог и биле пренесени и останале запишани во облик на писма.

Папата Евгениј Трети наредил да се провери нејзината јасновидост па Црквата ја признала како светица. Денес, и по изминати 800 години, модерната медицина ги признава нејзините медицински начела како исправни.

По нејзините рецепти лекарот Готфрик Хертциг ја напишал книгата ,, Вака лечи Бог,, а нејзиниот рецепт за лек за срце со вино има посебно место во книгата, Овој лек го препорачува ипознатата австриска треварка Марија Требен.

Рецептот “Вино за срце“ покажал голем успех во лекувањето на болни со срцеви слабости, па затоа се употребува и меѓу лекарите.

РЕЦЕПТ ЗА ЛЕКОВИТОТО ВИНО ЗА СРЦЕ

-10 свежи стебленца од магдонос

-1 литар чисто и природно вино (бело или црно сеедно)

-една до две големи лажици чист (домашен) вински оцет

-300 г природен мед

lek vino monahinja10 свежи стебленца од магдонос (поголеми) заедно со листовите се става во 1 л чисто природно вино (бело или црно) и се додава една до две големи лажици чист (домашен) вински оцет. Се вари 10 минути на тивок оган  виното ќе пени поради оцетот но тоа е нормално немој да се загрижите. Потоа се додаваат 300 г природен мед и се остава да се вари уште 4 минути. Потоа се процедува и сеуште топло се става во шишиња стаклени, кои претходно биле испрани со чист алкохол или пареа. Добро се затвора. Талогот кој се создава не е штетен и слободно може да се пие.

Многу е важно состојките да бидат природни и да се следи редоследот на постапката за приготвување. Не треба да се грижите што медот треба да се вари, бидејќи тоа е потребно за делотворноста на лекот.

Ако почувствувате тегоби со срцето, боцкање, прескокнување на срцети или доколку реагирате на промена на времето, земете една, две, три или повеќе големи, полни лажици од виното, во текот на денот зависно од интензитетот на тегобите. Одлични резултати дава и кај Ангина пекторис

Кај потешки тегоби треба да го користите неколку месеци, а со редовна употреба, тегобите ќе исчезнат.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top