Free songs
Home / нови лекови / Лек кој го уништува ракот ќе почне да се тестира на луѓе

Лек кој го уништува ракот ќе почне да се тестира на луѓе

Научен тим од Универзитетот Стенфорд, развил лек за рак, за кој тврди дека само со една инјекција во туморот стимулира имунолошка реакција на организмот која ги напаѓа и сите други тумори кои можеби метастазирале во телото.

Ова значи дека лекот може да биде надеж, па дури и повеќе од тоа, за пациентите со поодмината фаза на рак, чии шанси за лекување во денешни услови се сметаат за минимални.

Според „The ​​Week“, се подготвува тестирање на лекот на луѓе бидејќи тестирањето на глувци, според истражувачите, минало „неверојатно добро“. Деведесет проценти од третираните животни биле излечени само по една инјекција, а останатите по уште една. Лекот дејствувал дури и кај глувци кај кои ракот се проширил по целото тело.

Бидејќи една доза на лекот се чини дека е доволна, истражувачите тврдат дека ќе биде ефикасен и што е уште поважно, дека веројатно нема да има несакани ефекти по организмот какви што предизвикуваат другите медоти за лекување на рак.

Истражувањето во врска со овој неверојатен лек беше објавено во научното списание, Science Translational Medicine. Иако оваа терапија се нарекува вакцина против рак, разликата во однос на вакцината против грип и другите инфекции е дека оваа вакцина се дава на луѓе кои се веќе заболени, а не како превентивна мерка.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top