Free songs
Home / аларм / Лажно маслиново масло во продавниците: Проверете дали ви продаваат оригинално

Лажно маслиново масло во продавниците: Проверете дали ви продаваат оригинално

Како да го препознаете екстра-девственото маслиново масло?

maslinovo masloЛажното маслиново масло содржи сомнителни супстанции и хлорофил што му даваат вкус и боја на маслиново масло иако се користат сојно или други ефтини масла.

Авторот на книгата „Extra Virginity: The Sublime and Scandalous World of Olive Oil“, Том Мулер тврди дека 70% од чистото маслиново масло во светот е разредено со други масла што не е добро за здравјето.

Како да го препознаете екстра-девственото маслиново масло?

Тешко дека можете само по вкусот. Дури и експертите знаат да се збунат. Сепак, постојат два начини.

1. Чистото маслиново масло се згуснува кога е ладно. Во фрижидер би требало да стане матно и да се згусне. Кога се грее, повторно се враќа во течна состојба. Маслото што нема да се згусне во фрижидер не е чисто маслиново.

2. Освен тоа оригиналното масло е лесно запаливо.

Каде да купите екстра-девствено маслиново масло?

Најдобро е да го купите кај локален произведувач што го познавате. Следен најдобар начин е да пронајдете фирма чии производи имаат сертификат дека маслото е чисто и органско. Цената не е сигурен показател.

Екстра-девственото маслиново масло содржи најмногу 0,8 грама слободни масни киселини, изразени како олеинска киселина на 100 грама производ. Тоа е најбогато со ароматични и биолошки вредни супстанции.

Чување на маслото

Топлината и светлината предизвикуваат побрзо расипување на маслиново масло. Купувајте го во стаклена амбалажа, а откако ќе го донесете дома, дел префрлете во помало шише и чувајте го во орман, но никако во близина на шпоретот или некој друг извор на топлина. Остатокот чувајте го на температура од 15 степени.

365

Share Button

One comment

  1. za hemoroidi nesto

    pozdrav

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top