Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / природен лек / Квас од цвекло: Го чисти црниот дроб

Квас од цвекло: Го чисти црниот дроб

Квасот од цвекло е многу корисен – ја активира работата на црниот дроб, бубрезите и цревата. Резултатите од некои медицински истражувања покажуваат дека пиењето на квасот од цвекло го спречува развојот на малигните тумори, го чисти црниот дроб, организмот од токсини и други “отпади”, ја отстранува опстипацијата и другите проблеми со цревата.

cveklafffРуската традиционална медицина верува дека квасот од цвекло е најдобар медицински лек за хипертензија, бидејќи го нормализира крвниот притисок на подолг временски период, а корисен е и кај атеросклерозата.

Ова е рецептот кој многу луѓе го користат за чистење на црниот дроб (по агресивна хемотерапија). Процесот на подготовка не е тежок, а достапен е за секого.

Рецепт:

-Стаклена тегла од 3 литри (уште подобро сад од глина, ако имате)

-700гр цвекло (околу 3 средно свежи цвекла)

-2 лажици брашно – 200гр шеќер

-100гр суво грозје

Подготовка

watermarked-dsc_141611* Земете свежо измиено цвекло и исечете го на коцки или тенки кришки и наредете го во чиста тегла.

* Додадете го сувото грозје, 2 лажици брашно и 200гр шеќер.

* Наполнете ја теглата со ладна вода зовриена вода и измешајте.

*Теглата затворете ја со пластично капаче или уште подобро со двојна газа (да може квасот да дише) и оставете го на топло место 6-7 дена да ферментира.

*два пати дневно мешајте ја содржината во теглата и по потреба отстранувајте ја пената.

*по 7 дена смесата исцедете ја низ газа и ќе добиете квас од цвекло.

Пијте по 3-4 супени лажици 3 пати на ден пред оброк. Квасот чувајте го во фрижидер.

Откако ќе го испиете целиот квас, тука се завршува првата етапа од чистењето на црниот дроб. Направете пауза од 3 месеци и повторете го третманот. Повторно пауза 3 месеци и третманот повторете го трет пат. Да не ве исплаши ако забележите каменчиња ситни во урината – тоа се чисти организмот

По една година, вашиот црн дроб ќе биде потполно чист!

Постојат и контраиндикации:

Квасот не се препорачува за оние кои имаат болни бубрези, проблеми со гастроинтестиналниот тракт во акутна фаза и гихт. Во овој случај неопходна е консулатција со лекар. Мора да внимавате и ако имате низок притисок.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top