Free songs
Home / алтернативна медицина / Крвната група го одредува карактерот

Крвната група го одредува карактерот

Во Јапонија е раширено верувањето дека караткерот на личноста е поврзан со крвната група, па се верува дека лицата со крвата група „А“ се чувствителни, перфекционисти и добри тимски играчи, но и дека се премногу анксиозни.

krvЛуѓето кои имаат нулта крвна група (О) се љубопитни и дарежливи, но и тврдоглави, лицата со групата „АБ“ се мистериозни и непредвидливи, а оние со типот Б се весели, но екцентрични, како и индивидуалисти и себични.

Околу 40 отсто од јапонската популација има крвна група „А“, 30 отсто типот „О“, додека само 20 проценти се од типот „Б“, а преостанатите десет проценти се „АБ“. Четирите книги кои ги опишуваат различните крвни групи и нивните карактеристики станаа вистинска издавачка сензација во Јапонија, каде се продадени во пет милиони примероци.

Постои цела индустрија која се занимава со производи поврзани со крвната група, па така постојат пијалоци, гуми за џвакање, миризлива сол за капење, па дури и кондоми за одредена крвна група. Утринските телевизиски емиси, весници и списанија често објавуваат предвидувања според крвната група и ги разгледуваат односите меѓу луѓето од одредена крвна група. Многу агенции за пронаоѓање партнери прво ја земаат предвид крвната група, а и популарни анимации и стрипови, како и видео игри често ја споменуваат крвната група.

blood2371928bСистемот АБО крвни групи во 1901 година го откри австрискиот научник Карл Ландштајнер. Неговото истражување, за кое доби Нобелова награда, овозможи побезбедна трансфузија на крвата.

Таканаречените теоретичари еугеничари подоцна ги искористија неговите истражувања меѓу двете војни, посебно нацистите, кои така ја развија идејата за расна супремација. Со овие истражувања се послужи и јапонската милитаристичка Влада во 1930 година која за време на Втората светска војна формираше борбени групи во рамките на Армијата, согласно нивната крвна група.

Женскиот јапонски тим во софтбол на Олимпјадата во Пекинг ја користеше теоријата за крвни групи за да го прилагоди тренингот на секој играч. Некои градинки ја усвоија методата на учење во согласност со крвната група, па дури и големите компании носат одлуки за вработувањ врз основа на крвната група.

Своевремено компанијата Мицибуши електрик објави формирање тим, кој ќе биде составен од луѓе исклучиво со крвната група „АБ“, бидејќи се „способни да планираат“. Овие верувања влијаат и на политиката. Еден поранешен премиер сметаше дека е важно во својот личен профил да објави дека неговата крвна група е „А“, додека неговиот опозициски ривал е од типот „Б“.

krvna grupaМеѓутоа ова верување често се манифестираат и како предрасуда и дискриминација. Тоа стана толку често што Јапонците формираат тимови кои ги викаат „бура – хара“, што значи малтретирање по крвна група.

Познати се случаите на дискриминација на луѓето со крвна група А и АБ, посебно децата се изложени на малтретирање, потоа се става крај на љубовна врска поради тоа, а одделни луѓе поради крвната група ја изгубиле и работата.

И покрај предупредувањата, многумина од работодавачите и натаму бараат лицето кое бара работа да каже која крвна група, тврди Терамитцу Маекава, професор по комперативна религија на Универзитетот „Азија“ во Токио, автор на повеќе книги за крвните групи.

На Западот лицата со група „О“ и „А“ ја сочинуваат речиси 85 отсто од популацијата, додека во Индија и Азија доминираат лицата од групата „Б“. Во таа смисла Јапонија е невообичаена бидејќи има повеќе варијанти.

– Општествата во кои превладува групата „А“ се склони кон тоа да бидат монотеисти, како што е христијанството и јудеизмот, со силно чувство за општествените норми, додека општествата со мнозинска група „Б“ се посклони кон политеизам, како што се будизмот и хиндуизмот, со мноштво божества и тие веруваат дека сите луѓе се различни, вели Макаева.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top