Free songs
Home / аларм / Крлежите напаѓаат зголемен бројот на случаи во Македонија – како да се заштитите

Крлежите напаѓаат зголемен бројот на случаи во Македонија – како да се заштитите

Лекарите предупредуваат внимателно на ливадите, парковите и шумите поради каснување од крлежите. Најдобра заштита се долги панталони и ракави кога се седи на трева, особено на места каде што се движат животни.

krlezДоколку некој е каснат, да побара помош во најблиската лекарска ординација. Граѓаните да не се обидуваат сами да го извадат, за да не настане инфекција од нестерилен прибор или пак да не остане главата на крлежот.  Да се следат промените на каснатото место и по еден месец, и доколку се појави црвенило, температура, треска, задолжително  да се оди на лекар.

Само во мај годинава на Инфективната клиника 111 лица побарале помош затоа што ги каснал крлеж. Засега нема појава на некоја од болестите, ниту компликаци. Сите биле пуштени на домашно лекување.

Некои болести  може да се појават подоцна. Не секој крлеж може да ги пренесе, но сепак има опасност од лајмска болест, хеморагична треска и воспаление на мозокот.

На крлежите, објаснуваат биолозите, им годи температура на 15-20 Целзиусови степени. Ги има во тревата. Им годат топлина, влакна и крв, а се хранат со крвта. Затоа и се закачуваат на крзна на животни, на луѓе. Во телото може да се однесат до гениталиите и да направат уште поголеми проблеми.

krlez3Кога ќе дојдат до целта, крлежите исфрлуваат течност и со малите клешти ја раскинуваат кожата. Човекот тоа не го чувствува. Течноста што ја исфрлаат спречува згрутчување на крвта, па од местото што го нападнале може да се хранат со крв со недели.

Лекарите велат дека нападнатите од крлеж веднаш треба да се јават на лекар. Објаснуваат и дека прават грешка третирајќи го со масло, гас, лак за нокти…

Крлежите пренесуваат вирусни и бактериски заболувања. Од вирусните пренесуваат: конго-кримска хеморагична треска, воспаленија на мозокот или мозочните обвивки, омска хеморагична треска. Хеморагичните трески се вирусни заболувања со висок процент на смртност.

Од бактериските пренесуваат лајмска треска, рикециози – марсејска треска, повратна треска, како и туларемија. Лајмската болест, позната и како борелија или борелиоза, се препознава по црвена дамка околу местото на убодот.

Дамката градациски се зголемува и има тенденција да станува сѐ поголема. Може да се појави и на други места од телото, не секогаш на местото од убодот. Обично се појавува за 1-4 недели од каснувањето. Некои пациенти со лајмска болест имаат симптоми на грип: сувост на грлото, главоболки, треска, болки во зглобовите и во мускулите, зголемени лимфни жлезди. Лекарите велат дека околу 15 проценти од пациентите со борелија развиваат невроборелија, кај која симптомите почнуваат со болки во грбот. Рикециозите, пак, предизвикуваат т.н. епидемичен осипен тифус, трески и се сметаат за сериозни заболувања.

Како да се заштитите од крлежи

  • Избегнувајте колку што е можно престој во региони и на локации каде што е познато дека има крлежи
  • Носете облека што нема да остава откриени делови од телото
  • Краевите на панталоните вовлечете ги во чорапите, блузите/кошулите со долги ракави закопчајте ги до горе
  • Испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид – перметрин
  • Дополнителна заштита ќе ви обезбедат репелентите против крлежи и инсекти што содржат диетилтолуамид (ДЕЕТ), а кои можат да се нанесуваат на гола кожа
  • По можно изложување на крлежи, направете детална проверка на телото и на облеката
Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top