Home / природен лек / Козметичко средство, лек и природен дезифициенс: 30 начини на кои може да го употребите лимонот

Козметичко средство, лек и природен дезифициенс: 30 начини на кои може да го употребите лимонот

Дали знаевте дека древните Еѓипќани верувале дека лимонот има делотворна заштита против разни отрови и дека неодамнешните истражувања го потврдиле ваквото верување.

Лимонот како лек

Постојат многу здравствени бенефити од лимонот кои се познати веќе со векови. Двата најпознати се тоа дека лимонот има силно антибактериско и антивирусно делување. Лимонот го зајакнува имунитетот и може да помогне при слабеење бидејќи лимоновиот сок го забрзува метаболизмот. Содржи многу состојки: лимонска киселина, калциум, магнезиум, витамин Ц, биофлавоноиди и други состојки кои го зголемуваат имунитетот и се борат против инфекции. Ова се добропознатите факти за лимонот, но ова мало жолто овошје крие уште тајни.

1.Акни

Лимонот содржи лимонска киселина која може да помогне при лечењето на акните. Витаминот Ц се наоѓа во аргуминот, а неговата алкална природа убива одредени видови бактерии за кои е познато дека ги предизвикуваат акните. Сокот со лимон и вода би требало да биде првото нешто наутро.

Ставете свеж сок од лимон врз акните и оставете го да лицето во текот на целата ноќ. Утрото измијте го лицето со вода. Можно е да почувствувате непријатно чувство на кожата но тоа брзо ќе исчезне.

Измешајте еден дел од свежо исцеден сок од лимон со еднаков дел на сок од рози или мед. Ставете ја мешавината на лицето и држете ја најмалку половина час. Потоа отстранете ја со вода. Овој третман повторувајте го два пати во текот на денот. Наутро и навечер.

 2.Анксиозност

Истражувањата покажале дека мелисата има смирувачко дејство бидејќи нејзините листови мирисаат на лимон и поради тоа може да се користи за отстранување на замор, исцрпеност, вртоглавица, нервоза и напнатост. Исто така се верува дека со вдишување на масло од лимон може да се зголеми концентрацијата и будноста. Ако се чувствувате напнато, ставете неколку капки од етерично пасло од мелиса на ткаенина и вдишете.

limun-i-luk 3.Ранички во усната празнина

Докашаните антибактериски и антивирусни својства на лимонот можат да го забрзаат процесот на заздравување на раничките во усната празнина. Измешајте сок од свежо исцеден лимон и една чаша млака вода и исплакнете ја устата три пати дневно. Постои можност да почувствувате пецкање кога сокот од лимон ќе дојде во допир со оштетениот дел на слузокожата.

 4.Треска

Оваа појава може да настане поради најразлични причини, а лимонот секогаш е корисен лек. Додадете сок од еден лимон во чаша со топла вода, една лажичка мед и испијте ја наеднаш, а потоа повторувајте го истото на секои 2 часа додека не падне температурата.

 5.Настинка и грип

Кога сте настинати искористете ја лековитата моќ на лимонот со што би добиле потребна количина на витамин Ц во клетките за одбрана.

На првиот знак на настинка, течење на носот или воспаление во грлото, зголемете ја дозата на витамин Ц со цел да се елиминира вирусот. Пијте свежо исцеден сок од еден лимон со млака вода на секои два часа.

Доколку пак имате воспалување на грлото во една чаша млака вода додадете сок од еден лимон и една лажичка морска сол. Плакнете го грлото три пати на ден. Ако станува збор за ангина плакнете го грлото на секои два часа барем триесет секинди со свежо исцеден сок од еден лимон.

6.Жулеви

Парчиња од лимон кои се применуваат са време на ноќта се добар лек против жуљеви. Ставете парче лимон дебело околу 5 милиметри и завиткајте го со завој.

limfni zlezdi 7.Егзем

Доколку страдате од инфекција на кожата лимонот ќе ви овозможи олеснување. Во една чаша млака вода додајте осум капки етерично масло од лимон и една голема лажица мед. Медот исто така има антивоспалително дејство и ја зголемува лековитата моќ на лимонот.

Натопете ткаенина со смесата, истиснете го вишокот и држете ја крпата на саканото место 15 минути, два до три пати дневно. Не само што ќе ја олесни инфекцијата туку ќе го спречи и нејзиното повторување.

8.Борба против заморот

Светските патници и истражувачите гледаат на лимонот како на божји дар. Мала количина на лимонов сок ќе угаси жед многу побрзо отколку голема количина на вода.

Етеричното масло од лимон ја стимулира работата на мозокот па затоа кога и да се почувствувате уморно или не можете да се сконцентрирате, додадете четири капки од масло од лимон во сад за арома терапија. Можете да пиете и чаша вода со лимон на одреден временски интервал.

9.Освежување на здивот

Лимонот може да помогне во освежување на здивот по консумирање на одредени зачини, алкохол и цигари. За здивот да биде посвеж темелно испирајте ја устата неколку пати дневно со свеж сок од лимон во чаша млака вода. Џвакањето на парчиња лимон после секој оброк исто така може да помогне.

10.Лечење на хипертензија

Лукот и кромидот покажале добро влијание во борбата против хипертензија но и лимонот го покажа истиот ефект. Додајте три исечкани парчиња кромид и еден исечкан лук во ладно млеко или соино млеко. Варете го и оставете го да отстои пет минути. Процедете ја содржината и додадете сок од три лимони. Содржината пијте ја во текот на денот.

Доколку страдате од зголемен холестерол не заборавајте дека пектинот во лимонот може да помогне во намалување на холестеролот.

limon-630x439 11.Несоница

Неколку истражувања откриле дека лимонот во комбинација со други билки како хмељ и камилица смирува и помага да се намали анксиозноста.

12.Реума

Сокот од лимон има силно алкално влијание во организмот и поради тоа е природно средство против вишокот на киселини кои делумно се одговорни за реума. Сок од еден лимон и чаша млака вода пијте го три пати дневно, а доколку имате силни болки додадете сок од два лимона и пијте го три пати дневно. Масирајте ги болните места секојдневно со неколку капки лимоново масло измешано со една лажица масло од јојоба.

13.Забрзајте го метаболизмот

Сок од еден лимон додадете во чаша млака вода и пијте го после секој оброк. Лимонската киселина ќе го стимулира производството на желудочна киселина и активноста на стомачните мускули.

14.Проширени вени

Лимоновото масло може да помогне и во борбата против проширени вени. Две до три капки лимоново масли додајте во масло од јојоба, авокадо или бадемово и масирајте ги зафатените области. Ако станува збор за проширени вени додајте шест капки лимоново масло, 50 милилитри масло од житарици и две капки масло од чемпрес и смрека. Користете ја оваа смеса за секојдневна масажа на нозете во насока кон срцето.

Употреба во домаќинството

1.Исчистете ги масните дамки

Масните тави и нечиста кујна? Обидете се да употребите лимон пред да ги употребите отровните хемикалии за чистење. Ставете малку сол на половина лимон и тријте по масната површина па потоа избришете. Бидете внимателни кај површините кои може да се осетливи на киселина.

2.Исчистете го чајникот или ѓезвето за кафе

Наполнете го чајникот со вода, додадете неколку тенки парчиња лимон и зовријте ја водата. Потоа, тргнете го од грејното тело и оставете го да отстои еден час. Потоа исцедете и добро измијте го. За гезвето од кафе додадете мраз, сол и лимон во празниот сад, добро тријте го минута до две и исплакнете го.

3.Исчистете ја микробрановата печка

Наместо да употребите силни хемиски средства обидете се со ова: Додадете лимон во широк сад кој претходно сте го наполниле со вода до половина, загрејте го во микробранова 5 минути на висока температура, оставете пареата да се кондензира на внатрешноста, потоа тргнете го садот и избришете со крпа.

4.Ѓубре

Употребете лушпи од лимон за да го отстраните мирисот од ѓубрето.

5.Исчистете го хромот

Лесно истријте го хромот со лимон, исплакнете и исполирајте го со мека крпа.

6.Чистење бакар

Половина лимон намачкан со сол или прашак за пециво може да се искористи за чистење на бакарот.

7.Против инсекти

Додадете дваесет капки масло од лимон во една чаша вода и распрскајте го во воздухот, или памук натопен во лимоново масло чувајте го во спалната соба. Доколку пак седите надвор во вечерните часови изложените делови на кожата намачкајте ги со мешавина од десет капки лимоново масло и сончогледово масло. Можете да ја исечкате кората и да ја ставите на праговите, прозорците, во близина на билокакви пукнатини или дупки од кои што мравките или другите штетници може да влезат.

8.Освежете ја даската за сечкање

Поради лимонската киселина со ниско PH и антибактериски својства лимонот е добар избор за освежување на даската за сецкање. По извршената дезинфекција површината истријте ја со половина лимон и оставете ја неколку минути, а потоа исплакнете.

Како козметичко средство

1.Отстранување на мртвите клетки од кожата

Дајте и на својата кожа нов сјај со нежно масирање на саканото место со мешавина од лимонов сок и шеќер.

2.Намалување на борите

Загрејте една чаша млеко, две лажички лимонов сок и една лажичка коњак или ракија. Изладете ја смесата на собна температура, аплицирајте на саканото место и почекајте да се исуши па потоа измијте го лицетол

3.Осветлете ги пегите

Намачкајте ги со лимонов сок и исплакнете по петнаесет минути. Постапката повторете ја и навечер.

4.Крема за лице

Измешајте сок од еден лимон и една четвртина чаша со маслиново или бадемово масло. Нанесе те ја на лицето и оставете да делува.

5.Против првут

Исплакнете ја косата со вода, а потоа ставете ја чашата вода во која сте додале една лажичка лимонов сок и потоа масирајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top