Free songs
Home / природен лек / КОНБУХА – “Чај на бесмртноста”

КОНБУХА – “Чај на бесмртноста”

Комбухата е здрав напиток кој се прави од јапонска чајна габа – комбуха. Комбухата се користела во Источна Европа, Русија и Јапонија неколку столетија. Самото име комбуха потекнува од Јапонија од 415 година.

kombucha1Во прастарите времиња комбухата била привилегија само на царските дворови и се третирала како недопирлива тајна во Јапонија. Пред повеќе илјади години, јапонскиот цар го поканил на гости кинескиот цар. Кога завршило гостувањето љубезниот домаќин сакал на ценетиот гостин да му даде нешто многу вредно, како подарок за трајно сеќавање. Се разбира тоа била комбухата.Така и на кинескиот двор бил заведен истиот режим кон подарокот. Но, хуманиот кинески цар сакал да си го дарува својот сиромашен народ, па таинствената габа тргнала преку азискиот континент кон целиот свет.

Русија има долга традиција во користењето на овој здрав напиток, кај нив наречен „чаен квас“ направен од јапонската габа.

Од Русија , напитокот се раширил во Прусија, Полска, Германија и Данска но се чини дека исчезнал за време на Втората Светска Војна. По војната Dr.Rudolph Skelnar го обновил интересот за комбухата во Германија, кога почнал да ја користи во својата практика при лекување на рак, метаболички пореметувања, висок крвен притисок и дијабет.

kombuha2Комбухата е габа составена од желатиноидна и жилава габна мембрана во облик на плоснат диск. Живее во хранлив раствор од чај и од шеќер, во кој постојано се размножува. Габниот диск прво се проширува по целата површина на чајот, а потоа се задебелува. Кога се одгледува на правилен начин, таа расте и ‘рти.

За време на процесот на ферментација и оксидација, габата во чајот делува со различни комплексни реакции. Се храни со шеќерот во чајот и во замена произведува други вредни супстанции, кои се составен дел на комбуха течноста: гликуронска и млечна киселина, витамини, аминокиселини, антибиотски состојки… Токму од тие причини оваа чајна габа претставува вистинска мала биохемиска фабрика.

Што содржи и како делува комбуха-течноста?

Комбухата содржи неколку пати поголемо количество витамин C отколку лимонот. Од витамините од Б групата ги содржи: B1, B2, B3, B6 и B12. Содржи и различнивидови ензими. Посебно е значајно да се истакне присуството на млечната – L киселина, која во еден литар течност може да достигне и до 3 ml.

kombuhaНајважната компонента, која се нааѓа во големо количество во екстрактот од комбухата е глукуронската киселина. Модерната наука сеуште не успеала да ја синтетизира оваа киселина. Здравиот црн дроб ја создава за да ја прочисти крвта. Таа го носи епитетот на „главен чистач” на отровите кои се појавуваат во процесот на метаболизмот во човечкиот организам, како и штетните материи кои се внесуваат внатре од надворешната средина преку храната, воздухот, водата и друго..Заробените отрови се отстрануваат неповратно преку жолчката и цревата ,како и преку бубрезите и мочката во вид на глукороноиди.

Во нормални услови глукоронската киселина ја лачи здравиот црн дроб во доволни количества, проблемот настанува тогаш кога нашиот организам е оптоварен со зголемено количество отрови од надворешната средина. Тогаш нашиот црн дроб не успева да произведе доволно количество од оваа киселина и така се создаваат поволни услови за појава на рак и други дегеренативни заболувања.

Антибиотската компонента во комбуха – течноста претставува една киселина со засилено антибиотско, а делумно и антивирусно дејство.

Зошто се користи комбухата?

На далечниот исток со милениуми се користи како делотворно средство против замор,малаксаност, нервоза, против стареење, против стеснување на крвните садови, запек, ревматизам и шеќерна болест.

Во Русија комбуха-течноста ја сметаат за делотворно лековито средство против сите болести а посебно против запекот – „руски таинствен домашен лек”.

Во првата книга напишана за комбухата се зборува за успешното лекување на воспалени крајници, болести на внатрешните органи,пред се, на восплението на на желудникот, на тенкото и дебелото црево, против пролив, стеснување на крвните садови, висок крвен притисок,склероза и слично.

Комбухата-лек  за се

Секојдневно може да се сретнеме со голем број позитивни искуства поврзани со Комбухата. Освен нејзината употреба како освежителен пијалок, таа многу често се користи и како лек. Комбухата е главна тема на многубројни научни трудови, кои го потврдуваат нејзиното лековито дејство. Докажано е дека голем број од нејзините компоненти имаат антибиотиски и детоксикаторски карактеристики, кои играат посебна улога во биохемиските процеси во организмот.

kombucha-Комбухата е извонреден регулатор на цревнитеактивности. Со нејзина помош успешно може да го регулирате и избегнете појавувањето на запекот и на хемороидите, но и да ја санирате цревната флора. Иако пијалокот има малку кисел вкус, сепак тој не предизвикува никаква кисела состојба во желудникот , туку го олеснува варењето и кај тешко сварливата храна.Подеднаков успех се постигнува при појава на камен во бубрезите, мочоводите или во жолчката.

-Комбухата и нејзините метаболни проозводи имаат извонредно влијание врз регенерацијата на клетките поради што е одличен лек за артеросклерозата.

-Впечатливо е нејзиното делување во пречистување на крвта и отстранување на токсичните наслаги. Имено , таа одлично го стимулира метаболизмот , а со тоа помага во пречистување на телото и елиминација на сите типови отрови.

-Комбухата помага и во слуцај на трајна главоболка, болки во зглобовите, ревматизам и други проблеми при старењето. Нејзиното позитивно делување се покажа веќе по  неколку ден, преку подобрена општа состојба и зголемите кондициски способности.

Комбухата- убиец на ракот

kombuha3Комбухата има силно антисептичко дејство. Течноста од оваа габа го пречистува ендокриниот состав и ја неутрализира и елиминира уринарната киселина поради што се препорачува против ракот , особено во неговите почетни стадиуми.Забележано е дека таа моше да предизвика зајакнување на одбранбениот механизам, к ако и зголемување на производството на интерферон.Комбухата го отстранува метаболниот отпад и на тој начин ја нормализира ph вредноста на крвта. Детоксификациската функција на глукоронската киселина ја подобрува општата состојба на организмот.

Литванците и припишувале чудесна способност за лекување на сите болести.

Др Дан Пон од Јапонија, врз основа на своите искуства со примена на комбуха-течноста на голем број пациенти,направил прилично долг список на болести кои се лекувани на овој начин. Списокот е проширен од неколкумина познати лекари од минатото:

–     го продолжува животниот век;

–     спречува создавање на брчки;

–     служи како превенција против рак, го подобрува дишењето;

–     ја ублажува артрозата, позитивно делува кај зглобниот ревматизам;

–     ги чисти крвните садови, поволно делува на регенерацијата на клеточните мембрани и кај срцевиот инфаркт;

–     го подобрува вкусот на јадењата;

–     отстранува пореметување кај црнит дроб;

–     намалува телесна тежина;

–     отстранува мачнина при возењето;

–     помага при појасен херпес и сипаници;

–     донесува олеснување при менопаузата;

–     ги зајакнува мускулите на нозете;

–     ја засилува потенцијата;

–     лекува болести на рацете и нозете,грбот,сива мрена,несоница;

–     ги зајакнува бубрезите;

–     ги омекнува, раствара и чисти жолчните камења;

–     запира прилив;

–     лекува хемороиди;

–     позитивно влијае врз растењето и квалитетот на косата;

–     ја чисти крвта;

–     лекува миом на кожата;

–     отсранува холестерол од крвта;

–     ја збогатува полезната микро флора во цревата;

–     го зајакнува ослабнатиот имунитет;

–    ја нормализира кисело-базната рамнотежа;

Дали Комбухата има некакви нус појави?

kombuha4Комбухата изобилува со органски киселини поради што е можна појава на алергиски реакции кај лицата чувствителни на киселини. Таа го стимулира исфрлувањето на отровите и токсините.

Дали можат да ја конзумираат и деца?

Од досегашните испитувања утврдено е дека во Комбуха напитокот нема ништо штетно за децата. Содржината на алхохол во овој напиток е низок приближно колку и во овошните сокови кои вообичаено ги конзумираат децата. Комбухата не се препорачува за деца под 1 годишна возраст, бидејќи содржи бактерии и ензими кои би можеле да бидат тешки за детскиот пробавен систем кој е во фаза на формирање.

gladijator

Share Button

23 comments

  1. каде може да се набави конбухата но и рецептот по кој се подготвува?

  2. Kade moze da se nabavi Kombuha??

  3. Kade moze da se najde i kako se priprema
    Fala

  4. Od kade moze da nabavime ?

  5. kako moze da se nabavi seme odnosno maja za da moze da ja odgleduvam ednas ja imav ama i go zagubiv semeto

    • pred desetina godini ja imav , neguvav i upotrebuvav i bev zadovolen od kambuhata, no neznam kako ja izgubiv majata , i prekinav da ja spremam , gajam i upotrebuvam. pa ve molam pisete kako mozam da ja nabavam i od kade, oti navistina pomaga za zdravieto. Pozdrav!

  6. kade moze da se nabavi kombuha?????

  7. ODLICNI PRIKAZI.

  8. Pozdrav
    mi se dopg vsat strana i so odlicni informacii.Js sega nauciv kako se pravi mldo zito vo domasni uslovi i veruvam deka e mnogu,mnogu korisno,
    Cestitki za postavite.

  9. konbuha koj saka- 072 553 009

  10. Iako kanbucata se znae po neverojatnite zdrastveni benevicii,speak tie ne se naucno dokazani.Poznato e I deka kako I navedeno vo artikalot IMA dosdtas seriozni zaboluvanja duri I smrtni slucaevi od konzumiranje na pijalokot.a posepno so nepravilno pripremanje na pijalokot moze da dojde do kontaminacija.

  11. Јас и немам некое убаво памтење за камбухата, само знам дека баба ми која со години ја конзумираше Заболе од рак и во рок на 4 месеци почина. А ја одгледуваше на тој начин што вареше зелен чај 2 литри и додаваше шеќер, знам потоа дека ја размножуваше со тоа што од долниот дел на габата вадеше малечко парче.
    Може навистина е здрава но јас лично тоа чудо никогаш нема да го вкусам 🙁

    • Radmilka Pesankovska

      Kambuhata se pothranuva so cai od lipa jas bev mala i pamtam majkami ja odleduvase i ja piese sega ima 104 godini vo odlico zdravje ,

  12. Зоран Тасевски

    Kade moze da se nabavi Kombuha i kolku cini

  13. Kombuha extrakt se dobija od 10/12 l komnuha tecnosti i deluva 10 pati pobrzo i pojako od kombuha tecnosti…

    Mozete da go nabavite na

    02 3229 473

    http://www.pxds.com

  14. Kako moze da se vidi dali Kombuhata gaba e ziva ili mrtva?
    i kako da se proveri deka dobieniot Kombuha caj e dobar?

    odgovori na : zoran.f.m@t.mk

    blagodaram

  15. KOJ SAKA GABA KONBUGA JAS SEGA JA PODELIV OTI BESE RAZMNOZENA I JA IMAM TRI PARCINJA MOZAM DA JA DADAM KOJ SAKA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top