Free songs
Home / аларм / Колку долго смеат да стојат намирниците во замрзнувач?

Колку долго смеат да стојат намирниците во замрзнувач?

Чувањето храна на ладно место е најдобар начин да ѝ го продолжите рокот. За да бидете сигурни дека е одмрзнатата храна свежа, постојат некои правила.

Водете сметка дека некои намирници не се замрзнуваат добро, како што се свежите јајца и компирот.

Кога станува збор за леб и за десерти, можат да се користат два до три месеци по замрзнувањето. Од друга страна. Непечениот леб може да стои во замрзнувач само еден месец.

Палачинките не би требало да ги чувате во замрзнувач подолго од 3 месеци.

Кога станува збор за месото, јагнешкото може да се чува најдолго 9 месеци. Цела кокошка или мисирка можат да се чуваат замрзнати 1 година, но исечени парчиња во замрзнувач можат да стојат до 9 месеци.

Меленото месо смее да стои смао 4 месеци, а истото важи и за изнутрици. Сирови хамбургери можат да стојат 4 месеци. Прженото пилешко и мисиркино можат да бидат безбедни за јадење и после 4 месеци.

Морската храна може да биде многу проблематична ако не е добро замрзната. Тенките филети од риба можат да стојат шест месеци, додека мрсната риба може да биде замрзната само три месеци. Варената риба смее да се чува два месеци.

Млечни производи и јајца можат да стојат девет месеци во замрзнувач, млекото најмногу шест месеци, а маргаринот до една година.

Супите со месо би требало да се чуваат најдолго 3 месеци, а истото важи и за супите со зеленчук и гулаш.

Цитрусното овошје во замрзнувач може да помине најмногу 3 месеци, додека останатото овошје може да стои до 9 месеци. Јаткастото овошје може да биде замрзнато 3 месеци, а зеленчукот може да стои во замрзнувач до 12 месеци.

ArtKujna.mk

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top