Free songs
Home / природен лек / Која ракија што лечи – Болки во желудник, грип и настинка…

Која ракија што лечи – Болки во желудник, грип и настинка…

Природен непријател на сите вируси и бактерии. Лутиот напиток успешно се справува и со болките во мускулите, а честопати се употребува и за дезинфекција на раните.

Ракија од сливи (шливовица)
Овој вид ракија е мошне силна, безбојна, со наметлив мирис кој што потсетува на чист алкохол. Ги намалува болките во стомакот, особено ако сте претерале со тешка или неквалитетна храна. За кусо време ги разградува непотребните состојки во организмот.

Ракија од тревки (треварица)
Голем е изборот на ракија од трева, всушност постојат толку видови ракија од трева, колку што природата дарила лековити билки. Ова е една од најлековитите пијалоци, за тоа сведочи специфичниот мирис, кој се разбира зависи од видот на тревките во ракијата. Бојата на овој вид ракија повторно варира, од жолткаста па се до зеленкаста нијанса. За болки во грбот, лекот е масажа со ракија од пелин.

Ракија од мед (медена ракија)
Медената ракија е исто така непроценливо вреден лек, особено онаа што содржи прополис. Исклучително вкусна ракија (питка ракија – што би рекле мераклиите), содржи значително помала количина алкохол, споредбено со до сега споментатите видови. Но убавиот благ вкус во комбинација со здравиот мирис, може лесно да ве излаже, затоа внимателно со шишето.

Лозова ракија (лоза)
Одлична е во борбата против забоболката. Доколку ве боли заб, пивнете една до две чашки лозова ракија, ова е блага анестезија на заболеното место. Пивнете уште неколку, ќе постигнете блага анестезија на целото тело, па и на умот :).

Комова ракија (комовица)
Пониска класа од лозовата ракија, бидејќи се подготвува од остатоците од грозјето што се употребува за лозовата. Сепак и комовата во комбинација со одредени билки успешно котира на листата квалитетни лековити пијалоци.

Мастика
Исто така домашна ракија со долга историја, се подготвува од билката анис која е корисна против болките во желудникот, но е особено добра и за дишните органи.

Оревова ракија
Логично, ова е ракија од ореви кои се добро познати по своите лековити својства. Го засилува коренот на косата, го стимулира потемнувањето на кожата за време на сончањето, го регулира нивото на маснотиите во крвта.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top