Free songs
Home / аларм / Кивање, кашлање, отоци – Природни лекови за алергиите

Кивање, кашлање, отоци – Природни лекови за алергиите

Симптоми на алергиска реакција

alergiiСимптомите зависат од тоа на кој начин алергените влегуваат во телото. На пример, поленот се вдишува преку нос, обично предизвикува симптоми во носот, очите, синусите и грлото.

Позната реакција на полен е алергиски ринитис, или поленска грозница. Од друга старна, алергијата на храна предизвикува проблеми во стомакот и цревата. Симптомите може да бидат:

Најчести алергени:

– Полен

– Животни како мачка, куче, глувци

– Храна како јајца, соја, млеко, кикирики

– Лекови

– Убоди од инсекти

Коприва
Копривата делува како антихистамин кој помага да се намалат алергиските симптоми како: кивање и србеж на очите. За ублажување на симптомите, земете таблети од коприва (300 до 500 mg) или може чај подготевен од листовите на копривата.
alergija17Камилица
Анти-воспалителните својства на камилицата помагаат за суво око, кое често знае многу да ве чеша. Чувајте од 3 – 5 минути ладни кесички за чај од камилица на вашите очи. Повторете го процесот неколку пати на ден.
Нане
Нането е многу добар лек во случај на запушување на дишните патишта. Дишењето се подобрува преку инхалација со чај од свежи или суви нане лисја.
Мајчина душица
Чајот од мајчината  душица помага во лекување на кашлица, гушење предизвикано од алергии, а исто така има смирувачки ефект кај воспалено грло. Ако не сте во можност да ја најдете свежа, чајот од мајчина душица го има во сите билни аптеки.
Мед
Медот  е многу добар лек за ублажување на кашлица и воспалено грло. Една лажица мед во чаша со чај ќе биде од голема помош.

алергииОрганизамот на алергичните лица бурно реагира на некои појави од нашето природно опкружување кои инаку не се штетни. Таквите нешта се нарекуваат алергени. Реакцијата на алергиите обично создава воспаление кое предизвикува различни симптоми, како настинка, грозница, течење на секрет од носот, астма и многу други.

Во здравиот организам антителата го штитат од вируси, бактерии и инфекции. Кај алергичните лица имуолошкиот систем погрешно сфаќа одредени алергенци како непријатели и почнува да создава антитела за да се одбрани од нив.

Таквите антитела, кои се нарекуваат имуноглобил Е, се поврзуваат со мастоцитите кои во изобилство ги има под површината на кожата, во носот, во очите, бели дробови и во гастроинтестиналниот тракт.

Кога антителата ќе го пронајдат алергентот, ги предизвикуваат мастоцитите да создаваат хемикалии. Тоа предизвикува алергиска реакција. Алергиската реакција може да се случи одма или по неколку часа.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top