Home / Болести и лечење / Ова апче мора да го имате дома

Ова апче мора да го имате дома

Медицинскиот јаглен апсорбира речиси се што сте примиле во желудникот или цревата.

medicinski jaglen 2Неселективно за себе врзува голем број органски и неоргански отрови, дури над 60% од присутните токсини, микроорганизми и лекови. Истовремено сам себе не се ресорбра и не оди во метаболизмот бидејќи заедно со врзаните отрови се исфрла од организмот.

Овој јаглен е сосема безопасен и нема нус појави. Може да го користат и деца.

Активниот јаглен може да се користи при обилни оброци кои го отежнуваат варењето на храната. Меѓутоа бидејќи активниот јаглен врзува речиси се, дури и хранливите материи и витамините на кои ќе наиде, не се препорачува за долготрајна употреба.

Терапевтски индикации

Активниот медицински јаглен се употребува во следниве случаии:

medicinski jaglen 3– акутно труење со перолално внесен лек или отров (аналгетици, антипиретици, седативи, хипнотици, антиепилептици, трициклични антидепресиви, кардиотоноични гликозиди, сулфонамиди, хинин, теофилин, никотин);

–     алиментарни труења;

–     проливи;

–     надуеност.

Паралено со лечењето на акутното труење се препорачува да се употреби ректално или перорално лаксатив (натриум сулфат или магнезиум сулфат).

Дозирање и начин на употреба

Акутни перорални труења

Ако е можно, активниот медицински јаглен треба да се употреби во рок од 30 минути од внесувањето на отровот во организмот, заради поделотворно спречување на апсорпцијата на отровот.

medicinski jaglenЗа поттикнување на излачувањето на отровот се даваат 20 таблети, кои што треба да се здробат во чаша (200 ml) вода или чај, на почетокот од лекувањето, а потоа на секои 4 часа или почесто.

Лекот не треба да се пие со млеко. Исто така, треба да се внимава пациентот да не го вдиши лекот.

Пролив и надуеност

Ако не е поинаку пропишано, треба да се земат 4-7 таблети активен медицински јаглен, 4 пати на ден после јадење. Активниот медицински јаглен во случај на пролив треба да се зема толку долго додека столицата не се нормализира, но најдолго 4 дена. Во случај на надуеност може да се зема до 7 дена. Ако не дојде до подобрување, треба да се јавите на доктор.

Деца постари од три години земаат 2-4 таблети, 1-2 пати на ден.

Не се препорачува давање на активен медицински јаглен на деца помлади од 3 години.

Медицинскиот јаглен велат многу добро делува при мамурлак, а исто така е делотворен и доколку вашето милениче изеде нешто што не треба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top