Free songs
Home / природен лек / Кефир – Долго чуваната тајна за здравје и долговечност на Кавказ – Што се лечи (Видео)

Кефир – Долго чуваната тајна за здравје и долговечност на Кавказ – Што се лечи (Видео)

Важно е да се напомене дека индустриски произведениот кефир не се добива со помош на „ печурката на кефирот “, туку од хмељ и култури на бактерии кои на напитокот му даваат ист вкус, но не и квалитет.Од таа причина, кефирот најдобро е да го подготвите во домашни услови.

Kefirpilze

“Кефир”, е пробиотски млечен производ, што од дамнешните времиња им е познат на жителите на Кавказ.

Според преданијата зрнцата и упатствата за негова подготовка староседелците ги добиле директно од пророкот Мухамед, заедно со заповед за чување на тајната.Се смета како еликсир на младоста, животот и долговечноста.

Историја

Жителите на Кавказ, за кои се верува дека виталноста и долговечноста ја должат токму на секојдневното уживање на овој лековит напиток, со векови љубоморно ја чувале тајната за подготовката на кефир. Всушност, се до моментот кога во приказната се вплеткала љубовта.

За жал, несреќната љубов – барем за едниот учесник во приказната, принцот Beg – Mirza Barchorov. Со почеток на 20-ти век преубавата Русинка Irina Sakharova одлучила да го посети во Кисловодск, град на север на Кавказ, со намисла да го заведе и да измами од него неколку скапоцени зрнца за подготовка на кефир. Првиот дел од планот во целост успеал, но не и вториот, бидејки вљубениот принц стравувајки од казна за кршење на верски закон, одбил да и ја исполни желбата на Ирина, после што разочараната убавица со незавршена работа се вратила назад.

kefir1Но принцот немал намера да и дозволи да се оддалечи, па во склад со локалниот обичај, наредил киднапирање на невестата. Сепак, свадбата пропаднала откако придружбата на Ирина го известила царот за скандалозната намисла на принцот. Огорчен од постапката на принцот, царот му наредил навредата нанесена на Ирина да ја исправи така што ќе и подари филџан со зрнца за подготовка на кефир.

И така почнало.

Оттогаш па натаму, кефирот постепено се проширил по цел свет, а со тек на време многимина се увериле во неговите лековити својства.

Лековити својства на кефирот

Тој вкусен и освежителен киселкаст напиток се подготвува од таканаречените печурки на кефир, иако се работи всушност за симбиоза на корисни бактерии и габички. Искуството покажало дека кефирот поволно влијае на здравјето, лекува или помага при лекување на многу болести и тегоби.

Кефирот не дебелее. Во 100 грама со масленост од 3,5 грама има 63 калории (што е исто како и кај јогуртот), а има и силно својство на регулирање на дигестивниот систем. Го користат луѓето кои имаат тегоби во дигестивниот систем, но и оние кои имаат проблеми со коските, затоа што бактериите кои ги има кефирот, помагаат во нивното зајакнување.

kefir granes

Исто така, постои и т.н воден кефир, познат како јапонски кристали. Тој е еден вид на кефирна габа. Има слични својства со комбухата, но е многу поедноставен за одржување (нешто како млечниот кефир). Многу помага за нормализирање на крвниот притисок, холестеролот, нивото на шеќер во крвта, го зголемува имунитетот, а ги намалува ризиците за канцерогени заболувања

Редовно конзумирање на кефир…

kefir4– го јакне имунитетот

– го чисти организмот од токсини

– помага во воспоставување на нормален крвен притисок

– го намалува нивото на холестерол

– помага при болести на желудник.

kefir5

– ја обновува флората и ги ублажува цревните болести

– помага при болести на црниот дроб, бубрези и жолчка

– лекува воспалителни процеси ( природен антибиотик )

– помага при слабокрвност и слаба циркулација

kefir-grains1– лекува респираторни заболувања

– помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем

– делува против габички и бактерии– го успорува ширењето на канцерогените клетки

– помага кај астма и алергии

Исто така содржи многу пробиотици или т.н добри бактерии кои се многу важни за дигестивниот тракт како на пример:

Lactobacillus Caucasus,
Leuconostoc,
Streptococcus,
Acetobacter,
И неколку благотворни квасци како Saccharomyces и Torula kefir.

Подготвување на кефир

Важно е да се напомене дека индустриски произведениот кефир не се добива со помош на „ печурката на кефирот “, туку од хмељ и култури на бактерии кои на напитокот му даваат ист вкус, но не и квалитет. најдобро е да го подготвите во домашни услови.

images

Начинот на подготовка е многу едноставен. Потребно е само млеко и печурки, односно зрнца од кефир. Традиционално, за подготовка на кефир не се користат метални садови и лажици, бидејки може да го уништат лековитото дејство на напитокот.

За пола литар на кефир е потребно две лажици од зрнца и било какво млеко ( кравјо, овчо, козјо ).Млекото може да биде варено или не, но не смее да биде врело. Се препорачува млекото да не содржи помалку од 2,8% маснотии – колку е содржината на маснотии во млекото поголема, кефирот е подобар.

Постапка

Млекото се става во стаклен или пластичен сад и се ставаат зрнцата. Се поклопува ( на пример со тањир ), и се остава на собна температура 24 часа. Температурата во просторијата не смее да биде повисока од 30 степени. Во рок од 24 часа течноста ќе се згусне. Може повремено да се промеша поради проверка на густината.После тоа, треба да се процеди кефирот ( се препорачува да се користи пластична цедалка ), да се прелие во шише и да се чува во фрижидер.

kefir 6Печурката на кефирот треба да се измие со ладна или млака вода и ден – два ( до следната употреба ) да се остави во фрижидер, во ладна вода или млеко. Зрнцата од кефир многу брзо ќе се намножат, што ќе овозможи добивање на поголема количина на напиток. Количината на млеко за подготвување на кефир се зголемува сразмерно на количината на зрнца.

Напитокот за цел на одржување на здравјето и виталноста може да го пиете секојдневно.

Се препорачува да се започне со 1 дцл и постепено да се зголемува количината. За тераписки цели пијте еден литар кефир дневно.

Каде да ја набавите печурката на кефирот

За жал печурката не можете да ја набавите во трговија. Може да ја набавите од некој кој веќе ја има. Таа брзо се размножува, па не е проблем да се подели со други

moezdravje

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top