Free songs
Home / аларм / Како за свинскиот грип испаднавме овци – а Тамифлу и Рош направија милиони

Како за свинскиот грип испаднавме овци – а Тамифлу и Рош направија милиони

Се сеќавате ли на масовните хистерии од пред неколку години дека ќе испоцркаме од свински тоест птичји грип? Се сеќавате ли како најважното глобално прашање тогаш беше која држава колку резерви од спасоносниот лек Тамифлу набавила? По 4 години клинички тестирања, утврдено е дека лекот е гола вода, пренесува Офф нет

infektivnaСамо британската влада потрошила неверојатни 560 милиони фунти на две лекарства кои највисоките светски здравствени авторитети своевремено ги наведуваа како главна надеж за спас од двете варијации на грип кои тогаш предизвикаа глобална параноја.

424 милиони фунти биле одвоени за залихи од Тамифлу а 136 милиони за Реленца, лекови чија набавка во 2009-та година ја препорачуваше самата Светска Здравствена Организација.

Четиригодишна клиничка студија на независни научници кои педантно ја испитувале ефикасноста на овие препарати утврдила дека најдоброто што “спасоносниот” Тамифлу може да го направи е да го скуси боледувањето за – половина ден.

tamiflu

Наместо грипот да го тресе човека 7 дена, со Тамифлу ќе го тресе 6,3 дена.

И не само тоа.

Научниците откриле сериозни нус-појави на овие лекарства кои не биле целосно обелоденети, кои вклучуваат и психички и проблеми со бубрезите.

Групата во која има и професори од Харвард сега инсистира Светската здравствена организација да ги ревидира своите препораки а од државите да не ги обновуваат залихите на бескорисните Тамифлу и Реленца кога рокот на постоечките залихи изминува.

rosheДеталните наоди на групата наречена Cochrane Collaboration се комплетно објавени и доставени до јавноста, што само по себе е битна епизода во долгата битка со фармацевтските компании кои тоа одбиваат да го прават, продолжувајќи ја практиката да се потпирааат на истражувања кои сами ги финансираат а наодите селективно да се пренесуваат во стручни магазини.

“Мораме да ги натераме фармацевтските компании да ги достават сите податоци кои ги имаат, макар тоа значело и да се вратиме 20 години назад. Во спротивно ризикуваме повторно рефлескно да наседнеме на нови потенцијални пандемии. А можеме ли тоа да си го дозволиме?”, прашува доктор Фиона Годли, уредник во British Medical Journal кој го публикуваше истражувањето на независните експерти.

Off net.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top