Free songs
Home / алтернативна медицина / Како сами да се лечите: Рефлексотерапија – Древна техника за самолекување

Како сами да се лечите: Рефлексотерапија – Древна техника за самолекување

Рефлексотерапијата е древниот метод на самолекување и активирање на исцелувачките процеси во телото, како физичката, така и менталната состојба. На почетокот на дваесеттиот век, американскиот хирург д-р Вилијам Фицџералд од Конектикат развил модерна зонска теорија на човечкото тело. Тој открил дека со притисокот на прстите може да се предизвика локален анестетички ефект врз дланката, рацете, рамењата, вилицата, лицето, ушите и носот.

refleksna-terapija noze

Зонска терапија

Зонската терапија се смета за основа на денешната рефлексологија, иако не е единствениот принцип на кој се базира. Поисправно би било да се каже дека денешната рефлексологија се заснова на древните принципи на меридијанската терапија која потекнува од Кина и која ја знаеме со име акупунктура.

Зонската терапија (енергетски) го дели телото на 10 назначени зони (вертикални симетрични), по должина на нашите тела, пет на левата страна, а пет на десната страна од стапалата до главата и обратно. Секоја зона вклучува одредени органи, кои се наоѓаат во неа.

Освен неа постои и хоризонтална поделба и тоа линијата на рамото која оди под ножните прсти, линија што ги дели перничињата на стапалата од сводот и линијата на колковите. Кога ќе ги споиме двете стапала, заедно тие го формираат трупот на човечкото тело. Ножните прсти се главата и вратот, перничињата се градниот кош, желудникот и цревата се во долната половина на табаните, а подрачјето на карличната област е околу петата.

Како функционира рефлексотерапија ?

Како што на стапалата и дланките се наоѓа мапа на целото тело, со стимулирање на рефлексните зони на сите делови од телото сместени на стапалото на кое се наоѓаат 7.000 нервни завршетоци, предизвикуваме реакција во некои соодветни делови на телото. Со ова се постигнува баланс на крвниот, ендокриниот, лимфниот, нервниот и на другите системи.

Со стиснување на одредена зона даваме импулс кој потоа патува и стимулира сè што се наоѓа на таа линија. Органите кои добро работат поддржуваат слободен проток на енергија, па во овие области не ја чувствуваме непријатноста (во енергетска смисла, не мора секогаш да значи физичка), за разлика од оштетените области кај кои можеме да чувствуваме мала непријатност, а понекогаш и лесна болка. Сепак, таа моментална болка е и исцелителна.

Рефлексотерапијата ја стимулира циркулацијата која е потребна и за снабдување на организмот со хранливи материи и за исфлање на штетните материи и други отрови. Различните напнатости предизвикуваат стегање на крвните садови заради кои се забавува циркулацијата. Привлечноста на рефлексотерапијата можеме да ја почувствуваме ако им се препуштиме на рацете на експертите, а можеме да направиме и самомасажа.

Стапалата можете сами да ги масирате

Неопходно е да се работи со многу мала количина на базично масло за стапалата да не бидат лизгави. Ако на тоа додадеме неколку капки етерични масла исклучително го зајакнуваме корисниот ефект на рефлексотерапијата. За препорака се етеричните масла од рузмарин (се зголемува циркулацијата), па лавандата и маточината (смирува и опушта). Ако сакаме да дејствуваме на ‘рбетот, нежно треба да го масираме внатрешниот раб на стопалото на кој е претставен целиот ‘рбет.

За да се стимулира циркулацијата и зајакнувањето на имунолошкиот систем неопходно е да се дејствува на целото стапало. За да се постигне саканиот ефект потребно е шест недели да се масира целото стапало. Посебно внимание треба да се посвети на областите на лимфните јазли, слезината и тироидната жлезда.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top