Home / Болести и лечење / Како да се ослободите од настинката за само 24 часа?!

Како да се ослободите од настинката за само 24 часа?!

Професор Рон Еклс од Универзитетот во Кардфу дава совети акко треба да се однесувате првиот ден од настинката и како да ги надминете првите симптоми.

kivanje nastinka gripОние кои се соочуваат со настинка на најразлични начини се обидуваат да се ослободат од неа колку што можат побрзо. Од традиционалните “бапски” билни рецепти, до лекарствата кои се продаваат во аптеките без рецепт или со посета кај матичниот. Според зборовите на Рон Еклс, доколку се придржуваме до упатствата и препорачаните чекори, можно е да се ослободиме од досадната настинка за 24 часа.

Доколку се разбудите и ги почувствувате првите симптоми на настинка (суво грло, замор, кијавица), најдобро е да го започнете денот со туширање со врела вода. Ваквото туширање ќе ви ги опушти мускулите и болните синуси на почетокот од настинката.

Препорачува првиот ден да бидете на диета и да не јадете ништо тешко. За појадок задолжителни овошје или цеден сок од портокал, кој ќе ви обезбеди доволно количество на витамин Ц.

За затнат нос, како еден од најдоминантните симптоми на настинка, најдобро е да внесувате колку што можете повеќе течности. Топлите чаеви со додаток на ѓумбир или чаевите од нане се подеднакво добри за смирување на грлото и затнатиот нос. Топлата супа со многу бибер исто така е одличен начин за отпушување на носот.

Најголем број од настинатите избегнуваат било каков вид на физичка активност, но според советите на Д-р. Еклс, лесната прошетка пред ручек е одличен начин да се подигне имунолошкиот систем, што ќе биде од корист во понатамошната борба против настинката.

Внесувањето на “лути” намирници, како ѓумбир, лук или лута пиперка ќе ви помогнат во борбата против бактериите, пред се’ поради своите антибактериски дејства како и чистењето на синусите.

Топлата купка на крајот на денот е идеална за уморните и болни мускули. Ова ќе биде воедно и последниот удар кој ќе помогне да ја избркате настинката од вашето тело. За организмот целосно да си ја врати силата и да се подигне имунолошкиот систем неопходно е да му обезбедите осумчасовен сон. Пред спиење не внесувајте енергетски пијалоци, кафе или алкохол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top