Free songs
Home / природен лек / Како да извадите вода што ви влегла в уши?

Како да извадите вода што ви влегла в уши?

Неколку  начини на кои можете да ја извадите водата од ушите.

670px-Relieve-Ear-Congestion-Step-121. Капки од алкохол и оцет

Оваа комбинација ќе го ослободи протокот на водата од ушите и ќе спречи инфекција.  Наполнете едно шишенце до половина со алкохол, а од половина нагоре со бел оцет и ставете неколку капки во уво. Исцедете ги ушите со наведнување на главата. Киселината ќе го разбие церуменот во увото и ќе го олесни истекувањето, а алкохолот помага во испарување на водата. Ако имате оштетено ушно тапанче не ја испробувајте оваа техника.

UVO32. Создадете вакум во увото

Навалете ја главата кон онаа страна на која увото ви е затнато, притиснете го со дланката, а потоа притискајте внатре-надвор. Така ќе направите благ вакуум за извлекување на водата од увото. Вакуумот може да се направи и со прст. Свртете го увото надолу, пикнете прст и брзо извадете го. Повторувајте ја постапката додека не почувствувате дека водата излегла од увото. Исто така, пробајте да го масирате увото во насока на стрелките на часовникот.

UVO23. Исушете ја водата со топол воздух

Употребете фен за сушење коса. Наместете го на најслаба температура и поставете го на растојание од 30 см од увото. Топлиот воздух ќе стимулира испарување на водата.

4. Скокајте на една нога

Наведнете ја главата на страната на која увото ви е полно со вода, застанете на една нога и скокајте. Во исто време повлечете ја ушната ресичка затоа што тоа може да го прошири ушниот канал. Ако не сакате да скокате, пробајте да ја наведнете главата и само да ја повлечете ушната ресичка.

UVO15. Џвакајте гума за џвакање или преправајте се дека џвакате

Коската на вилицата се наоѓа во близина на увото, па нејзиното движење може да ви помогне во решавање на ваквиот проблем. Каснете нешто, џвакајте мастика или импровизирајте. Во исто време наведнете ја главата надолу на страната на увото кое не е затнато и потоа нагло свртете се на другата страна.

6. Легнете и потпрете се на гравитацијата

UVO4Легнете на стомак со затнатото уво надолу и неколку минути останете во таа позиција. Гравитацијата би можела да си го направи своето т.е. водата да истече од увото затоа што ќе ја пронајде дупката низ која треба да излезе.

7. Пробајте да зевате

Зевањето исто како и џвакањето, помага затоа што коските околу увото се свиваат – вака ќе ја поместите водата и ќе го стимулирате нејзиното излегување.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top