Free songs
Home / природен лек / Кајсијата „кралско овошје“.

Кајсијата „кралско овошје“.

Кајсијата е добар извор на бета-каротин, па помага при инфекциите и кожните проблеми. Бета каротинот е еден од најпознатите антиоксиданси и исклучиво се наоѓа во растенијата. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето.

kajsija-300x169Научниците утврдиле дека кајсијата содржи и големи количини ликопен – антиоксиданс, кој му помага на организмот во борбата против ракот и го заштитува од разни болести.

Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата.

Бета каротинот и ликопенот од кајсијата го намалуваат и нивото на „лошиот“ холестерол во крвта. На тој начин тие се природно средство и за борба против атеросклерозата и болестите на срцето.Кајсиите содржат и големо количество витамин А, кој помага во подобрување на видот.

Маслото од кајсија одамна се користи ка природен лек против ракот и чирот на желудникот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top