Free songs
Home / природен лек / Кафето добро за забите

Кафето добро за забите

Од порано е познато дека жителите на скандинавските земји пијат најмногу кафе во светот

kafeОд неодамна тие добија уште една причина за да продолжат да уживаат во својот омилен црн пијалок, јави дописникот на МИА од Гетеборг

Според резултатите од една нова студија, кафето го намалува ризикот за појава на кариес. Студијата покажува дека кафето ги уништува бактериите кои влијаат на создавање каменец на забите, кој може да води кон појава на кариес.

Но, сепак, оваа вест не е добра за сите вљубеници во кафето. Кај оние што, на пример, го преферираат кафето лате, споменатиот позитивен ефект изостанува доколку кафето го пијат со додавање млеко.

Студијата е изготвена од страна на стручен тим под водство на професор Андреа Антонио при Универзитетот во Рио де Жанеиро, Бразил, пишува шведскиот весник „Експресен“.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top