Home / Болести и лечење / Алергични на сончева светлина

Алергични на сончева светлина

Мајка и нејзиниот тринаесет годишен син од Велика Британија, патат од ретка алергија која сончевите зраци ги претвора во извор на агонија

sonce5Во прашање е алергијата наречена ЕПП и предизвика недостаток на ензим кој ги сочинува нервните завршетоци на кожата исклучително чувствителни на УВ зраците.

Изложеноста на сончевите зраци може да предизвика чешање и болка, а во поедини случаи отоци и истекување на течности кога крвните садови се зафатени.

Клер Тарнер признава дека била „скршена“ кога дознала дека и нејзиниот син Сем ја има наследено оваа болест која е толку сериозна што дури и сијалиците можат да доведат до проблеми.

-Ние сме како фамилија вампири- не можеме да излеземе на сонце и ги поминуваме нашите животи во мрак. Доколку на сонце поминам неколку минути имам чувство како некој да ме полева со врела вода, вели таа.

Клер била принудена внимателно да го планира секој дел од нивниот живот-да резервира маси во ресторан далеку од прозорците и да ги прескокнуваат одморите во земјите каде има високи температури.

-На Сем му е многу тешко. Тоа е нешто со што мора да живееме до крајот на нашиот живот, вели таа.

Blumov-sindrom sonceЏорџина Дејвис е уште една личност која пати од овој проблем. Таа мора да избегнува екрани од телевизори и монитори, кои исто така емитуваат УВ светлина.

-Најлошо е емотивното влијание. И додека мојот брак е силен и моите деца немаат ЕПП, тоа што никогаш не излегуваме ни отежнува да создаваме нови пријателства, а големата шапка и очилата за сонце и ракавиците кои често ги носам и во затворени простории, предизивкува луѓето да мислат дека сум чудна, вели таа.

Меѓутоа, таа напоменува дека добила физичка сила од земањето витамини Д и дека успеала да запознае луѓе со сличен проблем на Фејсбук.

-По прв пат во животот имам пријатели кои целосно ме разбираат, вели Џорџина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top