Free songs
Home / природен лек / Jапонски рецепт за подмладување на кожата

Jапонски рецепт за подмладување на кожата

Јапонките секогаш ни изгледале младолики, еве ја нивната тајна.

oriz– користат ориз за нега на лицето, што се смета за тајно оружје на нивната убавина. Оризот е богат со витамин B, кој го стимулира развојот и регенерацијата на ќелиите, го успорува стареењето и ја подобрува циркулацијата.

Оваа чудотворна јапонска маска се состои од ориз, мед и млеко и брзо ќе стане вашето омилено средство за нега на кожата.

Сварете 2 – 3 лажици ориз во малку вода, додека не омекнат. Задолжително зачувајте ја водата во која се варел оризот.

Сварените зрна потоа измијте ги и додадете им лажичка млеко и лажичка мед. Сите состојки измешајте ги добро и вашата маска е подготвена.

Нанесете на лицето тенок слој од смесата и држете околу половина час. Измијте ја маската од лицето со водата во која што се варел оризот. Вашата кожа ќе биде блескава и нежна.

Оваа мешавина можете да ја чувате во ладилник до четири дена.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top