Free songs
Home / нови лекови / Изум на векот: Дувнете во мобилниот и веднаш ќе откриете дали имате рак

Изум на векот: Дувнете во мобилниот и веднаш ќе откриете дали имате рак

Изум кој ќе спасува милиони животи. Замислете дека со помош со мобилен телефон, за само неколку минути можете да утврдите дали некаде во телото се појавува најлошата болест.

izumОва, според зборовите научниците од компанијата „Аулстон“ која соработува со Универзитетот „Кембриџ“, не само што е можно, туку и реално за две години да стане вистина. Оваа компанија веќе разви уред, кој со анализа на здивот на корисникот, открива дали болеста се појавила, а сега се работи на негова минијатуризација и вметнување во мобилните телефони.

– За да дојдеме до уредот кој може да се инсталира во мобилни телефони, потребно ни се уште две години. Сега тоа е само прашање на пари, рече Били Бојл, соосновач на компанијата.

Тој, со двајца колеги пред десет години основал фирма која произведувала машини за утврдување на контаминација на земјиште и детекција на експлозиви. Меѓутоа, пред 18 месеци се случи голема промена во животот на Бојл и судбината на оваа компанија (се надеваме и човештвото). Девојката на Бојл, мајка на неговите три деца, доби рак на дебелото црево на нејзини 34 години.

– Ја заболе стомакот. Ја однесовме во болница и утврдија дека има рак на дебелото црево во четврти стадиум. Кога ракот ќе се открие порано во првите стадиуими, шансата за преживување е 90 отсто. Кога се открива во четвриот стадиум, шансите се само шест отсто, рече Бојл.

Кејт успешно е оперирана, но и понатаму прима хемотерапија. Бојл, изменет од ова искуство, својата технологија веднаш почнал да ја прилагодува на детекција на опасната болест. Основа на сите апарати на компанијата „Аулстон“ е напреден чип кој е програмиран така што може да „намириса“ многу мала концентрација на хемикалија која се бара – може да детектира една барана честичка меѓу билион други.

Ова е идеално за рано детектирање канцер, односно, како што рече Бојл, за „хемиски отисоци на прстите“ на оваа болест. Овие „знаци“ се наоѓаат во воздухот кој го издишуваме, во урината или изметот. Во изминатите 12 месеци „Аулстоновиот“ прв уред за детекција на канцер кај луѓето, врз основа на анализите на здивот, тестиран е успешно на повеќе пациенти. Варијаната на уредот е користена и во анализите на испарување од урина и првите резултати се повеќе од охрабрувачки.

– Првите хемиски знаци на ракотот на дебелото црево се генерираат многу рано во историјата на болеста, рече Бојл.

Првите резултати на новата технологија толку се добри што веќе постојат навестувања дека Британската здравствена служба (NHS) би можела да размисли за воведување на овој тест наместо анализи на измет кои моментално се прават. Уште една предност на новиот тест е тоа што веднаш се утврдува присуството на тумор, што значи дека нема повеќе мачнини и понижувачки прегледи на дебелото црево, барем кога станува збор за овој вид на канцер.

Миа

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top