Home / алтернативна медицина / Исчистете го организмот со јапонска водна терапија

Исчистете го организмот со јапонска водна терапија

Водата е вистинскиот извор на животот и основен елемент на секоја функција во организмот. Без доволна хидрираност е невозможно да се замислат здравиот крвотек, бубрезите, мускулите и особено прочистувањето, односно елиминацијата на штетените материи од организмот. Генерално, пиењето вода е добро за здравјето и таа е првата работа што му се дава на некој кога не се чувствува добро. За жал, сегашново време, кое е преплавено со разноразни хемикалии и лекови, успеа да го потисне во заборав фактот колку обичната вода е битна за нашиот добар, здрав и долг живот.

Речиси секој Јапонец ја знае препораката за водната терапија. Таа потекнува од дамнина, но била реактуализирана по Втората светска војна. Оваа препорака извлечена од традиционалната јапонска медицина советува денот да се почне со пиење поголема количина чиста вода.

ladna vodaЈапонската традиционална медицина го препорачува пиењето вода веднаш по будењето како најважна природна здравствена навика. Научниците и официјално ја потврдиле ефикасноста на ваквата практика. Јапонската водна терапија дава одлични резултати како природно средство за третирање на менингитисот, дијабетесот, гастритисот, главоболката, астмата, бронхитисот, артритисот, епилепсијата, болките, срцевите проблеми, маснотиите во крвта, бубрежните и болестите на мочните патишта, нервното растројство, хемороидите, болести на очите, менструалните тегоби, општата слабост и губитокот на енергијата, како и за чистењето на организмот.

МЛАКА ВОДА

Наутро веднаш по будењето, а пред да ги измиеме забите, потребно е да испијат четири чаши млака вода, односно околу 640 мл. Откако ќе ја испиете водата, следните 45 минути не треба ништо да јадете или да пиете. Потоа продолжувате нормално со својата рутина.

Терапијата препорачува да се консумира млака вода во текот на сите три дневни оброка и до 15 минути по нив, по што следува пауза од два часа во која не се јаде ништо и не се пие дополнителна вода.

Терапијата дава одлични резултати за голем број тегоби и за чистење на организмот веќе по 30 дена од нејзиното користење. Препораката е ваквиот начин на консумирање на водата да се усвои како постојано животно правило. Не постојат никакви штетни последици и опасности од ваквата терапија, освен што може да ни предизвика позачестено мокрење.

За оние на кои им е тешко да го почнат денот со над половина литар вода, а особено на старите и на болните, им се препорачува постепено да ја достигаат количината од 4 чаши вода наутро. На многубројните форуми на интернет може да се најдат сведоштва од луѓе што значително си ги подобриле своето здравје, енергијата и физичкиот изглед преку примената на оваа едноставна терапија.

За разлика од западниот свет, жителите на Јапонија речиси никогаш не користат ладна вода во исхраната и имаат навика да пијат топол чај додека јадат.

Јапонците се една од најздравите и најдолговечни нации, а во 2008 година имале регистрирани повеќе од 33.000 лица постари од 100 години.

Dnevnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top