Home / нови лекови / Хрватски научници тврдат дека нашле лек за рак – вирус од кокошки

Хрватски научници тврдат дека нашле лек за рак – вирус од кокошки

Група хрватски истражувачи тврди дека изолирала вирус кој многу силно ги разорува канцерогените клетки и може да стане вакцина или лек против човечки тумори, објавија денеска хрватските медиуми.

cancerИстражувањето го предводи професорот Хрвоје Мазија од Ветеринарниот факултет во Загреб, кој во 1999 година од белите дробови на угинати пилиња изолирал нов вирус, за кој во натамошните експерименти се покажало дека делува на клетките тумор.

На професорот Мазија во работата му се приклучиле уште тројца колеги и заедно дошле до откритието со истражување врз глувци, кое, како што тврдат, во целост може да го промени пристапот во лекувањето на човечките тумори и да се спасат голем број животи. Во овој момент, велат, ќе им требаат само две седмици да развијат вакцина против тумори.

Новооткриениот вирус наречен ЗГ1999ХДС (ЗГ како Загреб каде што е изолиран, 1999 – годината кога е изолиран и ХДС – првите букви на името на др. Мазија и неговите соработници – Хрвоје, Динко и Синиша).

kokoskaВирусот сега е патентиран и заштитен, а припаѓа на видот Њукасл (Нењцастле – НДВ) кој напаѓа домашна живина и диви птици и меѓу нив прави помор. Преминува и на човекот, но единствената последица во тој случај може да биде блага настинка.

Видот Њукасл е познат од порано, но вирусот кој го открија научниците никогаш порано не е виден и и кога го вбризгале во глувците кои имале тумори на дебелото црево и дојката останале изненадени од резултатите бидејќи само за 72 часа ги уништил сите туморски клетки.

Следната година научниот тим го модификувал вирусот, прилагодувајќи го да биде поефикасен. Тој делува на сите канцерогени клетки, со помала или поголема ефикасност. Со него ќе можат да се лекуваат и меланоми, тумори на главата и вратот, тумори на простатата и бројни други малигни болести.

Нормалните, здрави клетки вирусот речиси воопшто не ги оштетува, а ги напаѓа исклучиво канцерогените, кои се познати по нивните рецептори, појасни проф. Мазија.

Во случајот со вирусот ЗГ1999ХДС, како и во слични случаи, би биле потребни пет години клинички истражувања да влезат во редовната клиничка практика, тврдат истражувачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top