Home / Болести и лечење / Хроничниот замор официјално станува болест

Хроничниот замор официјално станува болест

Синдромот на хорничен замор, болест на модерното време, би можел наскоро да добие ново име и критериуми за дијагностицирање на болеста.

Тоа значи дека сите оние кај кои ќе се дијагностицира дека страдаат од овој синдром ќе можат да се лекуваат со специфична терапија и да имаат оправдување за отсуство од работа.

zamorЕксперти во независната група, формирана од Владата н САД, се согласиле официјално да го прифатат синдормот на хроничен замор како легитимна болест, која ја карактеризираат пет основни симптоми со кои во иднина лекарите ќе треба сериозно да се занимаваат.

Одборот на Медицинскиот институт предлага синдромот на хроничниот замор да се именува како „болест на системска нетолеранција на стресот“, со цел подобро да се објаснат и разберат последиците од состојбата на човечкиот организам.

– Верувам дека конечно започнавме процес со кој на пациентите кои боледуваат од синдром на хроничен замор ќе им овозможиме конечна и легитимна дијагноза, врз чија основа ќе можат да добијат подобра и поефикасна терапија. Најтешките форми на болеста можат сериозно да го загрозат животот на болниот, и поради тоа не смееме таквите пациенти да ги третираме несериозно, изјави Сузан Вернон, научен директор од Здружението кое се занимава со решавање на проблемите на овие пациенти.

Синдромот на хроничен замор многу тешко се дијагностицира. Не постои никаква анализа на крвта за утврдување на болеста. Од друга страна, многу други болести причинуваат слични симптоми, токму затоа дијагнозата се воспоставува главно по пат на елиминирање на други болести.

Според новите препораки на Медицинскиот институт, лицата кои страдаат од синдром на хроничен замор мора да имаат три основни проблеми:

1. Проблеми во извршување на секојдневните активности кои траат најмалку шест месеци, проследени со тежок замор.

2. Влошени сипмтоми по било кој вид на вежбање, вклучувајќи психичка и ментална терапија, или влошување по емотивен стрес.

3. Спиење од кое не постои чувство на одмореност.

За да се дијагностицира синдромот на хорничен замор, лекарите исто така мораат да потврдат и два дополнителни симптома: проблеми при комуникација и паметење, и намалување на проблемите во лежечка положба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top