Home / алтернативна медицина / Хороскопскиот знак под кој сте родени влијае на Вашето здравје

Хороскопскиот знак под кој сте родени влијае на Вашето здравје

Многу лекари порано сериозно ја сфаќале астрологијата. Времето на раѓањето било поврзано со ризикот за разболување од одредени болести. Може ли модерната медицина да научи нешто од ѕвездите? 

420895-sexhoroscope-300x180Денес, повеќе луѓе веруваат во вонземјани отколку во астрологијата. Астрологијата се основа на датумот на раѓање и го дава неговото значење кое на луѓето им помага да го разберат светот. Науката ја има својата попозната форма во хороскопот, кој може да се пронајде речиси секаде.

Но некогаш, астрологијата била академски и научен концепт. Медицинската астрологија се простира и во самата медицина. Со векови, лекарите ја користеле астрологијата како алатка. Но сега, науката го загубила својот сјај и е побиена од научното општество.

Сепак, постои нешто што научниците не можат да го одречат: времето на раѓањето влијае на иднината на личноста. Во зависност од тоа дали сте родени во пролет, лето, есен или зима, може да имате помал или поголем ризик од шизофренија, склероза, нарушувања на сонот, дијабетес, алергии и друго. Времето во кое сте родени влијае и на должината на Вашиот живот.

 20131120-znakot-pod-koj-ste-rodeni-vlijae-na-vasheto-zdravje-2

Бројни истражувања потврдиле дека случајноста помеѓу времето на раѓање и болестите е преголема за да не се смета за вистинска врска. Во едно истражување од 2008, невролозите Расел Г. Фостер и Тил Ројнберг докажале дека 24 различни здравствени состојби се поврзани со времето на раѓање.

20131120-znakot-pod-koj-ste-rodeni-vlijae-na-vasheto-zdravje-1Традиционалната астрологија грешела во нешто- месечината не предизвикува лудост. Но истовремето, астрологијата била и во право – луѓето кои се родени во зима, кога месечината најдолго седи на небото, повеќе страдаат од ментални нарушувања како шизофренија.

Врската постои, но причините за тоа се непознати и науката започнува да го разбира тоа. Неврологот Крис Сиарлеглио јасно вели: „Знаеме дека има чудна врска помеѓу времето на раѓање и одредени состојби, но не знаеме зошто и науката треба да работи на откривањето на оваа мистерија.“

Факултети.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top