Free songs
Home / Болести и лечење / Глувчешка грозница растура низ регионот, во Пожега е забележан првиот смртен случај.

Глувчешка грозница растура низ регионот, во Пожега е забележан првиот смртен случај.

Пациентите доаѓаат откако првиот или втoирот ден добиваат покачена температура, галвоболка и мачнина. Брoјот на заболени од глувчешка грозница во Храватска расте, до ниво на епидемија.

Во Пожега е регистриран и првиот смретен случај. Поради компликациите предизвикани со глувчешка грозница, почина постар маж, инаку хроничен болен, а според податоците на Храватскиот завод за јавно здравство, до денес се пријавени 191 случаи на заболени лица. Заболените пристигнуваат во тамошните болници речиси секојдневно. Но со какви симтоми граѓаните се јавуваат и како всушност се заразуваат објаснува Алемка Маркотиќ, управителката на Клиниката за инфективни болести во Загреб.Пациентите доаѓаат откако првиот или вториот ден добиваат покачена температура, главоболка или мачнина. Меѓутоа, болеста понатаму може да напредува во смисла на откажување на бубрезите и смалуивањето на мокрењето, што понекогаш доведува до потреба за дијализа. Се заразуваат откако ќе вдишат прашина во кои има секрет од заразените глодари. Значи болеста е предизвикана со вирус, кој се наоѓа во заразените животни, објаснува таа.

Најмногу страдаат луѓето кои од било која причина одат во шума или на нива. Било тоа да се земјоделци, шумски работници, излетници, планинари, туристи. За да се заштитите од можни зарази докторката напоменува дека е потребно редовно да се мијат раце , да не се дига прашина, да не се лежи по трева, а ако нешто се чисти во викендиците и во шупите се добро треба да се децинфицира со средство, а посебно да не се чепка гнездото на гладарот. Истотака заразате може да се пренесе со храна која случајно ја оставаме некаде каде е изложена со вируси. Според зборовите на докторка Маркотиќ, епидемијата на глувчешка грозница не е редок случај во Хрватска и вообичаена е на овие простори и трае до октомври, пишува Дневник.хр.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top