Free songs
Home / природен лек / Еве зошто мора да јадете ПРАЗ – ПРАЗ(ник) и за тело и душа

Еве зошто мора да јадете ПРАЗ – ПРАЗ(ник) и за тело и душа

Ценет како квалитетна и лековита билка бил одгледуван уште кај старите Египјани, Римјани и Грци, а Нерон во стариот Рим вовел закон за еднаш месечно да се јаде праз како лек за добар глас. Велшаните овој зеленчук го имаат за национален симбол и не се сомневаме дека се консумира на големо на ова подрачје. Еве што бенефит печалат во Велс од јадење праз.

prazПо своите хранителни и лековити супстанци е сличен со кромидот и лукот, но побогат е со бета каротени, белковини и Ц витамин, а е одличен извор и на манган, фолна киселина, железо и Б6 витамин. Најголемиот адут на празот е сепак големата содржина на триосулфонати, супстанци кои при механичка обработка преминуваат во сулфиди (вам добро познатиот алицин) со ефект на природни антибиотици, а последователно и со позитивно дејство врз одбрамбениот систем.

Благородно делува во регулацијата на крвниот притисок со своето благо диуретично дејство, на намалување на холестеролот и како добра превентива од малигни заболувања. Фитохемискиот профил е одличен за моделирање на метаболниот баланс. Празот е одлична природна компилација за добра детоксикација на организмот бидејќи поволно делува на гастроинтерстиналниот и уринарниот систем.

Секако суровиот праз е во предност при консумацијата пред готвениот. Леснотијата во неговото чување во суров облик преку зима дава одлична предност за неговата употреба. Во наредната салата додадете неколку крукчиња праз за дополнителна вкусова сензација и повеќе нутрицинеси.

karas4training.com

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top