Home / алтернативна медицина / Еве зошто е добро да постите, дури и само еден ден!

Еве зошто е добро да постите, дури и само еден ден!

Зборот пост на сите кои не постат им влева стравопочитување. Оние кои никогаш не постеле се убедени дека во текот на потполно или делумно воздржување од храна секогаш се чувствуваат без енергија и исклучително слабо. Но, оние кои го испробале, знаат дека нештата стојат сосема спротивно. Постот всушност ви ја враќа енергијата и силата.

post leb solИако слабеењето е една од последиците на постот, тоа всушност не претставува крајна цел само по себе. Вистината е дека свесното воздржување од храна влијае навистина благотворно на нашиот организам. Еве кои се сите благодети кои ги носи Велигденскиот или било кој друг пост.

Постот е еден вид на оддишка на нашето тело, шанса за тоа да се опорави од преработката на секогаш новите количества од хранливи супстанци.

Постот претставува внатрешно прочистување од токсини кои се наталожени поради недоволно сварена храна. Отровите од сврзните ткива се испираат преку бубрезите, а потоа се излачуваат и од организмот.

Постот претставува одлична терапија за лечење на заболувања поврзани со нездрава исхрана, како што се гојазноста, дијабетесот, акните, алергиите.

Постот е извор на убавина. Во текот на постот, вашата кожа станува сјајна и добива благо розова боја.

presna_hrana-01Постот ја прочистува душата. На површината излегуваат поттиснатите мисли и чувства, кои можат да бидат со пријатен или непријатен карактер. Со оглед на тоа дека проблемите конечно излегуваат на површина, ова е токму оној период кога имаме можност да најдеме појасен начин за нивно решавање.

Постот е пат кон духовно просветлување. Некои од најинспиративните и филозофски дела настанале токму во текот на постот.

Постот ја зголемува вашата кондиција. Ако на телото му се даде шанса за малку да се одмори од тромавоста која е предизвикана од тешката храна, тоа може непотиснато да ја ослободи внатрешната сила која ја црпи од наталожените резерви. Всушност, оваа енергија е далеку поефикасна од онаа која се добива директно од храната.

Така што, во текот на постот никако не би требало да се откажувате од спортот и вообичаениот тренинг. Всушност, во еден ваков период, движењето и физичката активност се и повеќе од добредојдени. Без сила за време на постот може да останете само ако сте мрзеливи и целото време го минете како врзани за каучот или креветот.

Дали се исплати постот од еден ден?

Организмот барем тој еден единствен ден во најбуквална смисла ќе биде ослободен од преработувањето на секаква храна. Притоа, се губи околу половина килограм тежина, но не и маснотии, туку главно задржана вода. Она што е најважно, е дека од телото се исфрлаат и токсините.

Еден ден пост е исклучително корисен после раскошна гозба, на која премногу се јадело и пиело. Еднодневното “гладување” е најбрзо опоравување за човечкиот организам.

Луѓето кои имаат проблеми со телесната тежина, но не можат да бидат на нискокалорични диети, исклучителен бенефит можат да забележат ако воведат еден посен ден неделно.

Tocka.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top