Free songs
Home / природен лек / Еве кои печурки се најкорисни и лековити

Еве кои печурки се најкорисни и лековити

Употребувањето на печурките во исхраната е познато уште од многу одамна. Познати по своите карактеристични лековити својства, нивното место во исхраната зазема сѐ поголемо и поголемо место.

pecurkaЛуѓето кои на своето здравје посветуваат многу големо внимание, печурките многу често ги употребуваат во нивната исхрана. Но, се знае дека не сите печурки можат да се употребуваат во исхраната.

Поголем дел од нив, кои ги има во отприлика 100 000 видови, се отровни.

Доколку не сте експерти за печурките, т.е. доколку добро не ги познавате видовите кои можат да се јадат, најдобро е да се консултирате со некој кој е стручен во таа област за да не погрешите во вашиот избор, бидејќи како што се зборува помеѓу луѓето кои се занимаваат со нивно одгледување и собирање, само еднаш се греши со печурките.

Печурките кои ќе ви ги претставиме во продолжение се одделуваат и разликуваат од останатите видови по своите лековити својства, па затоа е добро, доколку сѐ уште немате почнато, да почнете да ги консумирате и да ги внесувате во вашата исхрана и како храна и како лек.

sitake pecurkaПечурката шитаке се одгледувала во Кина и Јапонија уште пред 2000 години. Јапонците ја нарекуваат печурка на долговечноста или печурка на самураите, затоа што ја консумирале императорот и неговите најблиски.

Кинезите ја нарекуваат еликсир на животот поради нејзините хранливи и стимулативни карактеристики.Богата е со нутритиенти и со активни состојки како бета глукани, полисахариди, гликопротеини, железо, ниацин, витамини Б1 и Б2.

Печурката шитаке има моќно антиканцерогено и антибактериско дејство, го штити црниот дроб, го намалува нивото на лошиот холестерол и помага во намалување на високиот крвен притисок.

Maitake pecurkaПечурката маитаке се нарекува и танцувачка печурка (од јапонските зборови „маи” што значи танц и „таке” што значи печурка).

Се верува дека старите Јапонци танцувале од радост кога успевале да ја пронајдат во шумите. Овој вид на печурка е многу ценета поради хранливите и лековитите својства. Позната е по имуностимулативните, антиканцерогените и антивиралните карактеристики.

Се препорачува да се консумира како помош при автоимуни, канцерогени и алергиски заболувања. Помага при контролирањето на дијабетесот, при рак на простата, има имуномодулторно дејство и го штити црниот дроб.

reisi pecurkaПечурката реиши се нарекува уште и „крал на хербалната медицина”.

Нејзината употреба го зајакнува имуниот систем, има антиоксидантно, антитумурно, аналгетско, антивоспалително и антиалергено дејство.

Ја подобрува работата на срцевиот мускул, го намалува холестеролот и високиот крвен притисок.

Оваа печурка ја помага превенцијата и заштитата од бронхитис и ја стимулира регенерацијата на бронхијалниот епител.

Think.mk 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top