Home / природен лек / Ајде што е здрава Аронијата ако ја садите носи и добра заработка

Ајде што е здрава Аронијата ако ја садите носи и добра заработка

Аронија или сибирска боровинка – овошје што е многу здраво но прави и добар профит. Цена за килограм е до 15 евра, а литар сок и двојно.

aronijaЛесно се одгледува – многу е отпорна, не бара многу грижа. Садници чини околу 3 € и мора да е посадена на повисока надморска височина за да дава најмногу плодови.

Најскапиот дел од производството е берењето.

Поради нејзината висока цена и фактот дека не бара многу труд се повеќе Аронијата се сади и на балканот. Во Босна веќе постојат огромни плантажи, а се шири и во Србија. Се повеќе луѓе ја садат и како жива ограда бидејќи се работи за жбунесто растение кое е многу отпорно и вирее на секакви температури.

Потекнува од источниот дел на Северна Америка односно денешна Канада, а американските Индијанци уште од античките времиња ја познаваат како вредно прехранбено и медицинско растение. Бобинките аронија се сушеле и мелеле и така ги комбинирале со месо и брашно.

Благодарение на тоа што многу добро поднесува и зима и мраз, температури до минус 47 степени Целзиусови, стасале до Русија и Сибир. Екстремно ниските температури на неа не оставаат никакви последици. Сибирската аронија или лат. Aronia melanocarpa има многу висок процент на полифеноли , витамини Ц, Е, бета- каротин, што ја прави една од најсилните добро познати и тестирани антиоксиданси.

Од сите со врвен квалитет е дивата сорта, одн. првичната сибирски форма, Aronia melanocarpa, која обично по гроздот носи само 10-15 бобинки, но затоа тие се три пати посилни, т.е. поздрави од култивираните пресадените сорти.

aronia-apfelbeere-hugin-aronia-melanocarpa-anthocy-anantioxidative-wirkung-4210_3Во моментов, аронија сокот за да не е премногу сув се прави со мешање на други сокови и чини од 10 до 30 евра за литар. Може да се конзумира свежа, сушена, како чај, да се прави сок, ликер, мармалад.. Има антиканцерогени својства. Се користи за инфекции на уринарниот тракт. Се користи за тироидната жлезда , проблемот со цревата.

Аронијата е наречена храна на иднината – го чисти организмот од штетни материи и тешки метали, и затоа е корисна превентива против малигни заболувања. Истражувањата покажаа дека има антиканцерогено дејство, бидејќи во голем процент ги”убива” малигните тумор клетки на мозокот, белите дробови, дебелото црево и црниот дроб. Како извонреден антиоксиданс, аронијата го спречува создавањето на слободните радикали и “нападот” на здравите клетки во телото и крвната плазма, со што го забавува процесот на стареење на организмот и спречувајќи го развојот на хроничните болести.

доволно е да се консумираат околу 200-300 грама на ден. Aронијата ја применувале по несреќата во Чернобил и тоа за намалување на симптомите на пациентите изложени на радијација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top