Free songs
Home / природен лек / Еве како да го отстраните масното ткиво – природно

Еве како да го отстраните масното ткиво – природно

Масното ткиво е израсток на кожата кој може да се појави каде било на телото, а се состои од наталожени масни келии. Претежно претставува само естетски проблем кој не му штети на вашето здравје. Масното ткиво настанува без да го забележиме и без болка, освен во одредени случаи кога настанува липом.

doctor inspecting woman patient skinНајчесто се појавува кај лицата постари од 40 години, но нема правило, така што може да се јави дури и кај деца. Често се појавува на главата, на рацете, на грбот, вратот, нозете и на други делови од телото. Докторите советуваат масното ткиво да се отстрани по хируршки пат, што е рутинска операција и не трае подолго од половина час. Но, за оние кои не сакаат да легнат под скалпер, нудиме 4 рецепти за природно лечење кои би помогнале во повеќето случаи.

1. Брашно и мед

Овој рецепт им помогнал на многу луѓе да го отстранат своето масно ткиво. Од брашно и мед направете смеса со дебелина од 1 см и големина потребна да се прекрие целото масно ткиво. Добиената смеса не треба да биде премногу леплива. Нанесете ја мешавината на масното ткиво и врз неа ставете хартиено марамче или газа за да не ви се лепи на облеката. Држете ја смесата на телото 36 часа, а потоа направете нова и повторно ставете ја на масното ткиво. После 7 дена, ткивото би требало да прсне и да истече насобраниот гној.

2. Нека ве касне пчела

Оваа метода е многу едноставна. Потребно е само да ве касне пчела, два пати на тоа место и после 7 дена масното ткиво би требало да го снема. Фатете ги пчелите со пинцета, насочете ги така за да гледаат со боцката кон масното ткиво и дозволете им да ве каснат. Ваквиот бодеж нема да биде болен како што вообичаено боли кога ќе ве касне пчела.

3. Прополис

Нанесете прополис на проблематичното место и повторувајте ја постапката неколку дена.

4. Жолчка и сол

Оваа метода ја испробала жена која на овој начин го отстранила ткивото после 2-3 дена. Измешајте една жолчка со 2 лажици сол и со таквата смеса намачкајте го масното ткиво. Добро втривајте на местото 3-4 пати на ден.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top