Free songs
Home / природен лек / Еве како: Брзо и ефикасно намалете го крвниот притисок

Еве како: Брзо и ефикасно намалете го крвниот притисок

Високиот крвен притисок не е само болест на повозрасната популација. Над една третина од младите на возраст од 16 до 34 години страдаат од некој облик на хипертензија.

Неодамнешно истражување открило дека оваа болест може и во својот благ облик да доведе до прерано стареење и оштетување на мозокот.

visok_krvni_pritisak_na_nervnoj_baziКонвенционалното решение за оваа се пораширена „епидемија“ е континуирано земање лекови за контролирање на крвниот притисок како што се блокатори на ангиотензиски рецептори.

Меѓутоа, постојат и алтернативни начини за намалување на притисокот.

Следните шест природни средства ќе ви овозможат да го држите притисокот под контрола.

Сирови бадеми

Со секојдневен внес на еден грст сирови бадеми можете да направите значителна разлика во одржување на нивото на вашиот крвен притисок. Тие се клучна компонента за намалување на високиот крвен притисок бидејќи се богати со незаситени масти кои помагаат при намалување на нивото на холестерол во крвта, ублажување на воспалението на артерии и го намалуваат крвниот притисок.

Лута пиперка

Лутата пиперка е несомнено една од најбрзите средства за намалување на крвниот притисок. Овој продукт ги шири крвните садови и помага на слободниот проток на крв, како резулат на што се намалува крвниот притисок.

Промешајте една или две мали лажички сомелена лута пиперка во топла вода со мед и алое вера и ќе добиете моќен домашен лек против хипертензија. Ако оваа напивка е премногу жестока за вашиот вкус, земањето лута пиперка во облик на додаток во исхраната е уште една одлична опција за природни намалување на крвниот притисок.

Сок од косос

Богат со калиум, електролити и други важни нутритиенти, сокот од кокос докажано помага при значајно намалување на крвниот притисок кај многу луѓе кои го пијат.

Неодамнешното истражување утврдило дека земањето сок од кокос довело до значително намалување на систоличкиот притисок кај 71 отсто испитаници, додека 29 отсто постигнале значително намалување на дијастоличкиот притисок.

Какао

Какаото, богато со флавоноиди и другите противвоспалителни нутритиенти, е уште едно прехранбено оружје против хипертензија.

Флавоноидите во какаото делуваат како адаптогени, му помагаат на телото подобро да се справи со стресот, честиот причинител за хипертензија. Какаото помага и во намалување на хормоните на стресот, кои имаат клучна улога во регулирање на крвниот притисок.

Бројни студии открија дека флавоноидите во какаото доведуваат до намалување на крвниот притисок од 4.7/2.8 mmHg и штитат од срцеви заболувања кои често се доведуваат во врска со високиот крвен притисок.

Куркума

Една од познатите прехранбени предности на куркумата се однесува на нејзината способност за намалување на воспалението во целото тело. Бидејќи воспалението е примарна причина за висок холестерол и висок крвен притисок, со намалување на воспалението, куркумата помага за подобрување на кардиваскуларните функции и одржување на здрав проток на крвта. Куркумата е исто така природен разредувач на крвта.

Лук

Истражувањето спроведено во 2010 година во Австралија докажа дека лукот е уште еден природен лек кој го намалува холестеролот и високиот крвен притисок.

Ако сакате да го избегнете непријатниот мирис кој го предизвикува консумирањето свеж лук, послужете се со додатоци во исхраната со лук во облик на таблети или капсули.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top