Free songs
Home / нови лекови / Едно апче за сите болести? Лекарите открија молекула која лекува се

Едно апче за сите болести? Лекарите открија молекула која лекува се

Една пилула за сите болести. Засега тоа личи на научнофантастичен филм, но изгледа дека наскоро ќе стане факт. Научници од Медицинскиот факултет во Стразбур создадоа молекули, способни да  штитат истовремено од дебелеење, срцеви болести, мозочен удар и дијабетес. Нејзиното име е LNP 599. Развојот на молекулата се проучувал од страна на научниците 15 години. Нејзината тајна се состои во иновативен начин на акција – наместо да делува врз засегнатите органи, таа делува врз нервниот систем.

pill-apce„Нашата идеја беше да бараме еден вид диригент на оркестарот, кој ќе ни овозможи, менувајќи го регулаторниот ритам на една единствена цел, да ги промениме сите симптоми одеднаш”, објасни пред канал France 3 раководителот на екипата Паскал Буске.

Сите наведени болести содржат различни механизми на дејствување, но заедничко помеѓу нив се еднаквите ризични фактори како прекумерна тежина, високо ниво на холестерол и висок крвен притисок. Затоа научниците решиле да создадат молекула која ќе го искорени злото во целост . Засега, молекулата LNP 599 била тестирана само врз глодар и покажала намалување на крвниот притисок, проследен со намалување на холестеролот. Затоа тимот планира во наредните години да продолжи со својата работа со клинички испитувања врз луѓе. Ако молекулата ја LNP 599 потврди својата ефикасност, научниците сметаат дека таа може да достигне до пазарот во рамките на 5-7 години.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top