Free songs
Home / нови лекови / Е-капсула ќе ги открива сите болести

Е-капсула ќе ги открива сите болести

Човекот ќе може да открие гасови во цревата и резултатите од истражувањето да се појават директно на екранчето на смартфонот.Такво е откритието на научниците од Кралскиот институт за технологија во Мелбурн и Универзитетот Монаш во Австралија, соопшти списанието “Сианс е авнир”.

apce-300x199За таа цел тие развиле капсула која се голта . Таа е опремена со батерија и сензори и ја мери концентрацијата на гасови, додека се снаоѓа во дигестивниот систем. Микропроцесор ќе ги обработува добиените информации , кои потоа ќе бидат испратени на смартфонот преку безжична врска.

Овие истражувања ги заинтересираа медицинските лица, бидејќи гасовите во цревата се маркери за некои болести , како рак на дебелото црево, хронични воспалителни болести на цревата, синдром нервозно дебело црево. Сегашните инвазивни методи, како тест на здивот, за кои се смета дека ги мери предметните концентрации, не се од голема корист, бидејќи не дозволуваат да се утврди каде точно се произведени гасовите.

Капсулите засега се испробани врз животни. Се очекува наскоро да започнат тестови со луѓе.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top