Free songs
Home / нови лекови / Дури 50% болни од рак живеат и 10 години по дијагнозата

Дури 50% болни од рак живеат и 10 години по дијагнозата

Шансите дека болни од рак ќе живеат подолго од десет години  денес се многу повисоки отколку пред 40 години. Речиси половина од пациентите кои имаат малигна болест живеат најмалку 10 години од дијагностицирањето , тврдат научници од Центарот за истражување на ракот во Лондон кои ги анализирале податоците на повеќе од седум милиони пациенти во периодот од 1971 до 2011 година, пишува Здравство24.

rak-beli-droboviПациентите чија болест била дијагностицирана сега имаат 50 отсто шанси дека ќе преживеат наредните 10 години , а пред  40 години тој процент бил само 24 %. Повеќе од половина од пациентите со рак нво 70-тите години починале само една година по дијагнозата.
Шансите за опстанок зависат и од видот на рак. Пациенти со рак на панкреасот имаат еден отсто шанси дека ќе преживеат 10 години, и луѓето со рак на белите дробови пет проценти , покажало истражувањето.
Научниците се надеваат дека во наредните 20 години, повеќе од десет години живот од дијагнозата ќе имаат три- четвртини од пациентите што се должи на раното откривање на клетките на туморот и подобар третман.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top