Home / природен лек / Дуња старите велат за среќен брак, но и за многу здравје

Дуња старите велат за среќен брак, но и за многу здравје

Миризливата дуња со латинско име Cidonia oblonga, служи како симбол на плодноста уште од древни времиња. Па така невестата и младоженецот пред свадбата морале да изедат по една дуња за нивниот брак да биде среќен и плоден.

Помалку е познат фактот дека називот на мармалад потекнува од португалскиот збор за дуња marmeleiro. Па така првично џем се правел само од дуња. Сепак, на дуњата не треба да се гледа само како на декоративно овошје, туку и како лек.

dzunji

Состав и лековитост на дуњата

За лек се користат плодовите, листовите и семето од дуњата. Слузта од семето на дуњата (Mucilago Cydoniae) се подготвува со ставање на семето во вода, а се користи за лекување на рани настанати од долготрајното лежење на болните, за лекување на изгоретини и како средство за облоги при воспалени очи и распукана кожа.

Благодарение на слузта и пектинот, дуњата е многу добра за лекување на воспаленија на грлото и слузницата на крајниците и на дишните патишта.

Слузта се користи, исто така и во козметичката индустрија за правење на лосиони и креми за кожа.

При воспаленија на слузницата на желудникот и цревата се препорачува варена дуња, која гo ублажува проливот. Плодовите на дуњата содржат слузави материи: пектин, масла, амигдалин, фосфорна киселина и витамин Ц.

Богата е со растителни влакна, содржи витамин Ц, Б комплекс витамини тиамин, рибофлавин и пиридоксин, а од минералите бакар, железо, калиум и магнезиум.

Високата концентрација на диетални влакна помага при губење на тежината. За проблеми со цревата или желудникот нема подобар лек од компот од дуња. Сокот од ова овошје помага кај кардиоваскуларни, респираторни и гастроинтестинални нарушувања, а нејзините антиоксиданси значително го намалуваат ризикот од рак.

Дуњата, исто така, може да се користи и како освежувач за соба: едноставно поставете ја каде што сакате да мириса.

Семки од дуња

Благодарение на високиот процент на слуз, семињата на дуњата ја негуваат и хидрираат кожата и го регулираат процесот на природна хидратација, поради кои станува се повеќе честа состојка во козметиката.

Чај од семките

Во оралната примена чај од семките на дуњата помагаат во ослободување на стрес и несоница. Таа, исто така помага при воспаление на устата и грлото. Оставете лажичка семки преку ноќ во вода. Се загреваат пред консумирање и се пијат по 3 чаши на ден.

Денешен

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top