Free songs
Home / алтернативна медицина / Откриена тајната на Реиши печурките за борба против ракот

Откриена тајната на Реиши печурките за борба против ракот

Реиши-печурките ѝ се познати на медицината повеќе од 4.000 години. Со право го добиле називот „лек на кралевите“. Поради тоа што тешко се наоѓа во природата, била резервирана за азиските кралски семејства и богатите луѓе. Во природата успеваат во дождовните шуми и само на одредени стебла, кои се во фаза на распаѓање.

health-benefits-of-reishi-mushrooms-934934

Од 10.000 стебла, само на 1-2 може да се најде реиши. Славниот доктор Ши Жан Ли, од династијата Mинг, во својата книга „Голема енциклопедија на лековити билки“ ја препорачал употребата на печурката реиши како ефикасен лек во борба против многу болести и напишал дека долгорочното земање на реиши овозможува создавање на имунолошки здрав организам и здраво тело.

Есктрактот од реиши печурка во азиската медицина е познат повеќе од 2000 години како “ печурка на долговечноста”. Во својот состав содржи ганодермна киселина и бета -д -глукани кои делуваат на активација на клетките на имуниот систем ( макрофаги и клетки природни убијци, како и кон поттикнување на продукција на ИНФ- γ) кои по своите особини делуваат кон локализација и спречување на туморскиот раст на клетките. Испитувањата кои се спроведени од реномирани медицински институции потврдуваат дека е познато делување на спречување на растот на тумор на простата( прва фаза) и тумор на грлото на матката( ЦИН 1 и ЦИН 2) , неговото протективно дејство врз црниот дроб(оштетувања од хроничен хепатит и циротични оштетувања). Концентрираниот органски германиум кој е содржан во екстрактот од Реиши овозможува правилен транспорт односно врзување на слободните радикали во дишниот апарат на клетката , а со самото тоа ја спречува можноста за создавање на потентни канцер клетки. Делувањето на намалување и спречување на растот на туморот на дојка како и туморот на дебело црево е забележан кај повеќе од 35% од свтската популација.

Ресвератролот заедно со екстракот од реиши делува на регулација и одржување на крвниот притисок и намалување на плаките во крвните садови во процесот на артеросклероза. Сигнификантно е протективното делување врз зглобовите и ‘рбетот преку зголемување на создавањена хондроцитите(клетките од кои се составени зглобовите) и синовијалната течност(течноста која овозможува правилно движење на зглобовите).

Научниците од Академијата Синика ја откриле мистеријата дека полисахаридите што се наоѓаат во печурките Reishi имаат способност да го активираат човечкиот имунолошки систем во борбата против ракот. Тим на научници од Genomic Research Center, Academia Sinica претходно открија дека F3, суров екстракт од полисахариди кои содржат фукоза од печурката Reishi, може да го стимулира зголемувањето на бројот на различни имуноцити и да ја зголеми активноста на NK клетките.

Овојпат, овој тим демонстрираше дека овие полисахариди, откако ќе бидат инјектирани во глувци, можат да ги индуцираат анителата за да ги препознаат тумор-асоцираните карбохидратни антигени на канцерните клетки и да ги уништат. Овие резултати беа публикувани во “Proceedings of the National Academy of Sciences, USA” и предизвикаа големо внимание.

Во соработка со истражувачкиот тим предводен од Dr. Wong, Chi-Huey and Dr. Wu, Chung-Yi во Геномскиот Истражувачки Центар, Академија Синика, беше пронајдено дека серумите од глувците кои биле имунизирани со F3 содржат антитела кои ги препознаваат туморните антигени Globo H и слични на нив структури. Пронајдено беше дека инхибицијата на растот на туморот е директно поврзана со количината на овој тип на антитела. Со други зборови, колку повеќе има антитела кои го препознаваат Globo H, толку помал е туморот.

Фармаколошка вредност: Чудесна! Непроценлива! Неповторлива! Реиши е едно од богатствата на медицината. Со фармацевтски студии и клинички истражувања е докажано дека со редовно користење, Реиши може да помогне да се спречат, да се излечат болестите и уште поважно, да се продолжи животот. Во познатите древни кинески медицински публикации, „Шен Нонг Материја Медика“ и „Пен-тсао Кан-му“; (Зборник на Материја Медика) напишани за време на династиите Хан и Минг, постојат детални описи на ефектите на Реиши. Современите студии понатаму ги докажаа неговите лековити ефекти и потврдија дека полисахаридите што ги содржи Реиши се клучна состојка за одржување на физиолошка рамнотежа и продолжување на животот. Денес, Реиши е формално признен како лек наведен во државната Кинеска фармакопеја, и во повеќе светски енциклопедии. Во исто време, Реиши во Кина беше вклучен како нов прехрамбен ресурс, и е докажано дека е безбеден за употреба и сосема нетоксичен. Реиши може да служи како храна и лек. Поради својот неповторлив состав, Реиши може да помогне во одржување на целокупната рамнотежа во телото. Лечи болести поврзани со срцевите и мозочните крвни садови, дигестивниот систем, невронскиот систем, ендокриниот систем, респираторниот систем, и моторниот систем. Има силно влијание врз тумори и болести на црниот дроб. Го спречува стареењето.

ВРАЌАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ! – клучната способност на Реиши

  • – Го го зајакнува, модулира и регулира имунолошкиот систем.
  • – Ги отстранува циркулаторните блокади
  • – Ги отстранува акумулираните токсини
  • – Го зајакнува и ревитализира организмот
  • – Поради својата алкална основа, ја неутрализира киселоста на организмот. Денес на медицината и е познато дека некои од најсериозните заболувања се поврзани со киселоста на организмот.

АКТИВНИ КОМПОНЕНТИ

  • Органски Германиум (повеќе од било кој друг извор)
  • – Oргански Полисахариди (долги низи на сложени шеќери)
  • Тритерпеноиди – 119 видови (Ганодермичка киселина – ја има САМО во Реиши)
  • Антиоксиданси – 24 видови (SOD-Superoxide Dismutase – најсилниот познат антиоксиданс)
  • – Селен
  • Бета и хетеро-бета глутени
  • – Преку 200 други активни компоненти

Германиум. Реиши содржи голема количина на органски Германиум дури и до 2000 ppm (parts per million) што е за 4-6 пати повеќе отколку во ginseng-oт. Слободно можеме да кажеме дека Реиши е најголемиот природен извор на органски Германиум. Денес на медицината и е познато дека Германиумот е витален елемент за создавање и одржување на силен имунитет.

Реиши помага при лечење на сериозни здравствени нарушувања:

  • – Респираторни
  • – Кардиоваскуларни
  • – Дигестивни
  • – Нефролошки
  • – Ендокринолошки
  • – Невролошки, (нервни растројства ,хроничен умор и несоница)
  • – Мигрена, драматични напади на главоболка
  • – Висок крвен притисок
  • – Дијабетес
  • – Астма, хроничен бронхитис
  • – Алергии (дури и сосема ги отстранува)
  • – ХИВ/Сида
  • – Хепатит A, B, C.

Оргинални линкови:

http://focustaiwan.tw/news/ast/201308300020.aspx

http://www.sinica.edu.tw/manage/gatenews/showsingle.php?_op=?rid:6043%26isEnglish:1

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top