Home / природен лек / Домашни лекови: Природно лекување на егзема

Домашни лекови: Природно лекување на егзема

Терминот егзема се однесува на воспалување на кожата што се појавува како резултат на формирање на плускавици и гнојници. Тоа е често и проблематично заболување на кожата. Болеста има широк спектар на форми, а повеќето од нив се од хронична природа.

Причини и симптоми

egzema4Егземата во својата акутна форма претставува појава на црвенило и оток на кожата како и формирање на моментални плускавици. Доколку плускавиците напукнат, се формира навлажнета површина на самата кожа, која се одликува со безбојна течност, притоа формирајќи тенка кора на местото на кожата каде плускавицата била наталожена. Симптомите вообичаено се најлоши во текот на ноќта. На кожата се појавува чешање.

Егземата вообичаено е трајна болест, која се појавува како резултат на токсичната состојба на организмот како и неможноста на човечкиот организам да ги отстрани вишокот наталожени отрови во него. Други причинители можат да бидат: нарушен метаболизам, констипација, недостаток од хранливи состојки во исхраната, менструален стрес, љубомора, фрустрација, како и присутност на други емоции. Исто така, земањето на определени лекарства може да доведе до појава на егзема во повеќе случаи.

Диња: 
Дињата се смета еден од најефикасните домашни лекови против егзема. Всушност, лекот од диња може успешно да се вклучи во третманот на оваа болст. Во овој вид на третман, се земаат единствено дињи трипати на ден во период од четириесет дена и повеќе. На почетокот, се земаат само 3кг диња на ден во период од три дена. Потоа, количината постепено се зголемува по еден килограм на ден додека не се задоволи гладта. Единствено само слатко и свежо овошје е дозволено да се конзумира за времетрањето на оваа диета. Дозволено е овошје чија вода во него е застапена околу 90%, а притоа не смее да се конзумира обична вода. Сокот од овошјето е полезен и за локална апликација кај хронични и акутни случаи на егзема.

egzemaМангo:
Мангото се смета за уште еден ефикасен лек против егзема. Пулпата и кората од ова овошје треба да се провријат во шолја со вода половина час. Потоа, ваквата смеса се филтрира и се аплицира на заболените места неколку пати на ден.

Сокови од зеленчук: 
Свежите сокови од зеленчук, особено сокот од морков во комбинација со сок од спанаќ се покажа како полезен третман за егзема. Односот на оваа подготовка е во следниов редослед: 300мл сок од морков и 200мл сок од спанаќ за добивање на сок од половина литар.

Листови од просо: 
Зеленото лисје од просо се смета за полезно кај хроничната егзема. Свежиот сок од ова лисје се аплицира на заболеното место во третирањето на оваа состојба.

egzema3Масло од шафринка:
Лабараториските истражувања врз животни покажаа дека егземата се појавува како недостаток од линолеична киселина. Маслото од шафринка е богато со оваа киселина и затоа е полезно за третирање на егзема. Две кафени лажички од ова масло се земаат дневно за третирање на оваа состојба. Количината може да биде намалена на една кафена лажичка откако состојбата ќе се подобри.

Сируп од црн повез: 
Сирупот од црн повез се смета за полезно во третирањето на оваа болест. Ова пред се се должи на високите хранливи состојки кои ги содржи овој сируп. Две кафени лажички од сирупот се земаат двапати на ден во шолја со млеко. Подобрувањето значително се приметува по две недели.

Сончањето е корисно и ги убива штетните бактерии во телото и треба да се применува рано наутро, на првата светлина од сонцето.

Определени течности се сметаат како одлични лосиони за прочистување на заболените места. Таква на пример е водата во која претходно биле зовриени листови од ним, вода во која претходно бил сварен ориз или турмерична вода во која има додадено пудра од турмерик.

ajurveda

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top