Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / бабини рецепти / Домашни – Бабини лекови за алергии

Домашни – Бабини лекови за алергии

Рицинусово масло: Ефикасен домашен лек за алергија е откриен од страна на Др. Хемант Патак. Тој откри дека пет капки од рицинусово масло во половина шолја сок од било кое овошје или зеленчук или пак промешано во обична вода, и доколку се зема на празен стомак наутро, делува мошне корисно кај алергиите во интестиналниот тракт, алергиите на кожата и носните канали. Др. Патак изјави дека успеал да заштити огромен број на случаи на алергија употребувајќи го овој метод.

alergiiЗелен лимон: 
Зелениот лимон се смета за ефикасен лек за секој вид на алергија. Половина зелен лимон исцаден во чаша млака водаи засладен со една кафена лажичка мед е одличен домашен лек. Може да се зема еднаш дневно веднаш наутро во период од неколку месеци. Овој лек не само што го прочистува организмот од токсини, туку и делува како антитоксичен и антиалергенски агент. Секако, кај лицата кои се алергични на цитрусно овошје, не смеат да го земаат овој вид на лек.

Банани:
Една или две банани на ден се доволно корисни за лицата кои имаат алергија поради некој вид на храна или кај оние кои често патат од чешање на кожата, пореметувања на дигестијата или астма. Овошјето секако може да предизвика алергенска реакција кај некои почувствителни лица и таквите лица треба да го одбегнуваат.

positive-reaction-to-allergenСокови од зеленчук:
Количина од 500мл сок од морков во комбинација од сок од морков со цвекло и краставица, е мошне ефикасен сок против алергии. Во случаите на мешани сокови, 100мл поединечно на сок од цвекло и сок од краставица треба да се промеша со 300 мл сок од морков за да се подготви половина литар мешан сок. Овој сок се зема еднаш на ден.
Сите производи се 100% природни и растителни и не содржат никакви хемикалии, конзерванси или адитиви, се чисто вегетеријански и природни. Растенијата играат важна улога во прочистувањето на крвта по природен пат и дејствуваат на синергетски начин за да помогнат во прочистувањето од алергиите и исто така помагаат во отстранувањето на лигата од телото.

Најдобар начин за да се заштити од напад на алергија е да се зајакне физичката отпорност за да не потпадне под секој алерген кој ќе го сретне.

allergy-testЗа почеток, пациентот треба да биде на диета од сокови од свежо овошје во период од четири или пет дена. Таквата диета од сок доколку се повторува, резултира со поголема толерантност кон претходните алергии. По диетата со сок, пациентот смее да зема моно диета од зеленчук или овошје како што се морковите, грозјето или јаболката во период од недела дена. По диетата, може да се надополнува исхраната со повеќе храна.

По недела дена, трет тип на храна може да се додаде и се така понатаму. По четири недели, може да се внесе протеинска храна во диетата, постепено. Доколку  се забележи појава на алергија од новата исхрана, таквата диета треба да биде прекинета и да се замени со некој друг вид на исхрана. На овој начин, можат да бидат отстранети сите вистински алергени од диетата.
Храна која треба да биде исклучена од оваа диета е чајот, кафето, чоколадо, ладни пијалоци, алкохол, шеќер и производи од шеќер, рефинирани житарки, месо, риба, пилешко месо, тутун, путер, пушена и осолена поткиселена храна, и храна која содржи секаков вид на хемиски адитиви, презервативи или додатоци за вкус.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top