Home / Болести и лечење / Домашен тест за проверка на штитната жлезда

Домашен тест за проверка на штитната жлезда

Доктор Брода Барнес уште пред 50 години откри дека температурата на нашето тело е добар индикатор на активноста на штитната жлезда. Тој го осмисли едноставниот домашен тест кој можете веднаш да го примените.

Stitna-zlezda-1Пред спиење земете топломер и добро истресете го. Бидете сигурни дека температурата е пониска од 35 степени. Следното утро, веднаш по будењето, ставете го топлометарот под пазувите, без облека помеѓу.

Држете го 10 минути, погледнете го резултатот и запишете го. Резултатот е познат и како „рана утринска базална температура“.

Резултати од тестот:

1. Ако вашата температура е помеѓу 36.5 и 36.8 степени, вашата штитна жлезда работи нормално.

2. Ако температурата е пониска од 36.5 степени, тогаш е забавена нејзината работа. Симптомите на намалено работење на тироидната жлезда се депресија, недостаток на енергија, замор, инфекции, хронична главоболка, недостаток на меморија и концентрација, опаѓање на косата…

3. Ако температурата е повисока од 36.8 степени, станува збор за забрзана работа на штитната жлезда или инфекции во телото.

Заради точноста на резултатот, се препорачува тестот да го повторувате три дена по ред. Ако вашата температура е над или под нормалната граница, подобро е да се обратите кај вашиот лекар, поради потврда на дијагнозата и препораката за лекување. Имајте предвид дека температурата може да варира поради инфекција и кај жените кои имаат менструација. Поради тоа се препорачува да го спроведете овој тест ако сте здрави и кога ќе помине циклусот.

Што е потребно за добро работење на штитната жлезда?

За правилно работење на штитната жлезда важна е добрата работа на црниот дроб, живот без стрес, селен, витамин А, кортизол, магнезиум и витамин Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top