Home / нови лекови / Сензационално откритие на американските доктори: Со нов метод 94% од пациентите излечени од рак!

Сензационално откритие на американските доктори: Со нов метод 94% од пациентите излечени од рак!

Група онколози од Фред Хачинсон центарот за истражување на карцином во американската сојузна држава Вашингтон верува дека пронашла револуционерен нов метод за лечење на акутна лимфобластична леукемија (АЛЛ), кој потенцијално би можел да се примени и на бројни други видови рак.

labaratorijaВо најновото клиничко истражување, лекарите „тренирале“ Т-лимфоцити, вид бели крвни зрнца на пациентите со помош на посебни молекули за да им овозможат да ги препознаат и нападнат станиците на туморот, па потоа ги враќале во телото на пациентите со инфузија.

Молекулите кои ги користеле се всушност вметнати рецептори за Т-лимфоцитите, кои лекарите ги нарекуваат „химерички рецептори на антигени“ (Chimeric antigen receptor – CAR),а добиени се од генетски модифицирани лабораториски глувци.

Таквиот „тренинг“ на имуносоставот постигнал импресивни резултати – 94% од учесниците во клиничкото истражување останале без сите симптоми на лимфобластична леукемија. Резултатот е уште поимпресивен ако се земе во предвид дека се работело за пациенти кои биле во последниот стадиум на болеста. Во истражувањето учествувале само лица на кои им останале само два до пет месеци живот.

– Вакво нешто никогаш порано не е забележано во медицината, искрено, да се добијат вакви резултати кај пациенти кај кои болеста е во толку одмината фаза, изјави Стенли Ридел, водачот на истражувањето.

Сепак, овој метод на лечење не е сосема безопасен. Од 35 пациенти кои учествувале во истражувањето, кај седуммина се појавиле сериозни нуспојави – реакции на имуносоставот поради кои завршиле на интензивна нега, а двајца пациенти починале од последиците. Научниците работат на унапредување на методот како би го смалиле ризикот од опасни имунолошки реакции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top