Free songs
Home / сведоштва / Докторите во шок: Се излечила од карцином во четврта фаза со јадење овошје и …

Докторите во шок: Се излечила од карцином во четврта фаза со јадење овошје и …

Жена (31) за која лекарите прогнозирале дека ќе живее уште најмногу 5 години тврди дека го победила ракот јадејќи овошје.

Кендис Мери Фокс одбила да се лекува со хемотерапија откако и дијагностирале карцином на штитната жлезда и наместо тоа се определила за „ремонт“ на животните навики во исхраната и го оставила својот „токсичен“ сопруг.
candicemariefotoЗапрепастени лекарите сега констатирале дека Кендис потполно го победила карциномот, кој се повлекол.
– Наместо да живеам за забава, викенди, работа и исти работи секој ден, јас потполно го променив погледот на животот. Одлучив да живеам за себе и да уживам во животот онаков каков што е. Тоа функционираше, вели оваа Англичанка.
Одбила хемотерапија
Карциномот и бил дијагностициран пред три години, по што требала да оди на операција. Кога ракот почнал да напредува, одбила да оди на хемотерапија.
– Наместо тоа почнав да внимавам на исхраната, секој ден јадев ананас, грејпфрут, лимон, јаболки, киви и банани, наведува Кендис за британските медиуми.
Таа исто така ги остранила „отровите“ како алкохол, цигари и месо. Само шест месеци подоцна, болеста се повлекла.
Без поддршка од сопругот
– Немав поддршка од својот сопруг и тоа беше причината да се разделам од него, појаснува Кендис, додавајќи дека покрај него стекнала некои лоши и нездрави навики.
Денес, откако ја поминала сопствената терапија, таа е потполно здрава и среќна што добила прилика за нов живот.
Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top