Free songs
Home / природен лек / Чудотворен еликсир: Го подобрува имунитетот, ги зајакнува мускулите …

Чудотворен еликсир: Го подобрува имунитетот, ги зајакнува мускулите …

Кваркот е немасно крем сирење или густ јогурт кој потекнува од Германија и Австрија. Покрај тоа што е нискокалоричен, тој е и исклучително поволен за имунитетот, метаболизмот и мускулната маса.

domasen-kvark-eliksir-01Може да го комбинирате на различни начини, со вода, мед, ореви, житарки, чоколадо или пак како додаток на освежителните десерти.

Овој фантастичен извор на протеини содржи и висок процент на калциум поради што е одличен и за коските. Исто така, тој е богат и со витамини од групата Б, што го чини да биде и совршена потпора за нервниот систем.

Ако сакате да направите домашен кварк, ќе ви бидат потребни следниве состојки:

● 2 шолји полномасно млеко
● ½ шолја матеница

Најпрво направете ја матеницата и тоа така што во една шолја млеко ќе додадете една лажица лимонов сок. После десетина минути на собна температура млекото ќе започне да се згрутчува и вашата матеница ќе биде подготвена за употреба.

Потоа, во тенџере загрејте две шолји полномасно млеко, а потоа тргнете го од оган и оставете го млекото да се излади. Во разладеното млеко измешајте ја матеницата.

Добиената смеса префрлете ја во сад и оставете ја на собна температура околу 24 часа.

На крајот ќе добиете смеса која потсетува на јогурт. Префрлете ја таквата смеса на газа која сте ја ставиле врз тенџере или чинија, а потоа оставете ја смесата да преноќи во фрижидер.

Готовиот кварк се чува во фрижидер и може да се консумира во текот на наредните четири дена.

Tocka.com.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top