Free songs
Home / природен лек / Чудото СТЕВИА – 300 пати поблага од шеќер, а без калории – зошто била забранета до 2011?

Чудото СТЕВИА – 300 пати поблага од шеќер, а без калории – зошто била забранета до 2011?

Дали сте слушнале за Стевија?

Листот од билката Stevia се користел пред стотици години како засладувач во храната на индијанските племиња Гуарани од Парагвај, Боливија и Бразил. Сортата Stevia rebaudiana, позната и како sweetleaf, sugar leaf или само стевија, се одгледува заради нејзините слатки листови. При процес на екстракција на нејзините листови и плодови се добива сладило коешто низ маркетите може да го најдете во неколку форми – како течност, во форма на прашок, во шеќерни ќесички или во вид на мали таблетки.

Прашокот кој што се добива со екстракција на листовите на оваа билка е 200 до 300 пати посладок од шеќерот, а самиот лист на стевијата е поблаг за 35 до 45 пати во споредба со шеќерот.
При испитување направено од страна на Светската здравствена организација во 2006 година, се дошло до заклучок дека стевиозидите и ребаузидот А, содржани во листот на стевијата, немаат никакво генотоксично ни канцерогено влијание врз човекот. Истото испитување покажало дека стевијата ги намалува негативните последици по здравјето кај лицата кои боледуваат од Дијабет Тип 2 и кај оние со висок крвен притисок.
Дали е безбедна? Ако ја земате во чиста форма не само што е безбедна туку е препорачлива. На описот на производот треба да пишува дека содржи исклучиво стевија а никако следниве шеќери: малтодекстрин и ксилитол.

Една од најзначајните и најпозитивните карактеристики на стевијата е тоа што таа нема енергетска вредност, такашто не поттикнува инсулински одговор. Токму поради тоа, слободно може да ја користат лица коишто се трудат да го намалат внесот на шеќери, лица коишто боледуваат од Дијабет тип 2, како и децата, бидејќи не претставува добра подлога за ширење на бактериите и ги штити забите од кариес. При испитување направено од страна на Светската здравствена организација во 2006 година, се дошло до заклучок дека стевиозидите и ребаузидот А, содржани во листот на стевијата, немаат никакво генотоксично ни канцерогено влијание врз човекот. Истото испитување покажало дека стевијата ги намалува негативните последици по здравјето кај лицата кои боледуваат од Дијабет Тип 2 и кај оние со висок крвен притисок.

Стевијата позитивно влијае и врз:

  • Регулирање на нивото на глукоза во крвта (слатките состојки на стевијата се гликозидите, а не јаглехидратите)
  • Намалување на телесната тежина
  • Намалување на чувството на мачнина
  • Ублажување на проблемите со желудникот
  • Поттикнување на варењето на храната
  • Побрзо заздравување на рани

Листот на стевија, покрај стевиозиди, богат е со микронутриенти како што е железото, калциумот, натриумот, калиумот, фосфорот, цинкот, како и со витамин А и Ц Aко сакате да прочитате слични содржни,

karas4training.com

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top