Free songs
Home / природен лек / Чудесна чичока – за висок притисок, за дијабетес, природен чистач на цревата

Чудесна чичока – за висок притисок, за дијабетес, природен чистач на цревата

Малкумина слушнале за моќниот зеленчук со име Чичока, уште познат како див компир. Во некои земји е хит во кулинарството, а причината не е модерниот начин на живот, туку здравствените придобивки. Во традиционалната медицина листовите и коренот се користат како лек. Помага кај високиот крвен притисок, покачените масти во крвта, кардиоваскуларните болести, анемија, остеопороза, особено дијабетисот и дебелината, а придонесува и до нивна превенција.

Изобилува со витамини

Има калиум, со што помага за висок притисок, правилна работа на срцето, а со фосфорот помага и за регулирањето на водата во телото и здравје на коските и забите. За чичоката е карактеристично што содржи есенцијални аминокиселини, кои самиот организам неможе да ги произведе, а кои се неопходни за нормално функционирање на скоро сите витални билошки функции на организмот.

Добар е за дијабетес, како и за слабеење – нема скроб.Чичоката наместо скроб содржи инулин. Инулинот од чичоката е корисен и за дијабетичарите, бидејќи ензимите вожелудникот и цревата не го разградуваат инулинот, до моносахариди, па не доведува до зголемување на нивот на шеќерот во крвта. Свежиот корен од чичока го регулира нивото на шеќерот во крвта.

Има витамини Б, Ц, Д, А и многу есенцијални аминокиселини. половина чаша свежа чичока задоволува 20% од дневните потреби за калиум. Во истата количина се наоѓаат 1,5 грам белковини и 1,2 грам целулоза. Чичоката е значи природен извор на калциум, железо, витамин Ц, фолна киселина и витамините Б1 и Б2.

Инулинот ги уништува штетните микроорганизми во цревата и на тој начин ги спречува цревните инфекции. Чичоката ја обновува цревната флора и посебно се препорачува после антибиотска терапија, која може да ја наруши нормалната цревна флора.

Чичоката го намалува и нивото на холестеролот и триглицеридите во крвта. Тој ја подобрува и апсорпцијата на минералите за 20%, а посебно на калиумот, магнезиумот и железото. Затоа, чичоката се препорачува како природен лек за превенција на слабокрвноста и остеопорозата.

Кртолите се користат во свежа состојба и влијаат врз зголемување на аптетитот, ја стимулираат секреторната функција на органите за варење, а посебно ја стимулира секрецијата на жолчката. Во народната медицина се користи кај бубрежните заболувања, заболувањата на жолчната кеса.

Чичоката е најдобро да се јаде сирова, во вид на салати, бидејќи така е најкорисна, но може и да се вари, да се пече и да се пржи.

Надворешно се користи при осипи, лишаи и хемороиди.Се конзумира суров- одлично е за чистење на телото од отрови. Познат е и како извонреден афродизијак, бидејќи помага во подобрување на либидото, потенцијата и плодноста. Корисно е и во превенција на и третирање на алергии. Ја намалува концентрацијата на ензими кои предизвикуваат рак, но неговата улога особено важна во превенција и лечење на малигните болести на дебелото црево.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top