Free songs
Home / Болести и лечење / Чоколадна циста – симптоми и лекување

Чоколадна циста – симптоми и лекување

Чоколадна циста“ е назив кој се користи како жаргон за т.н ендометриотична циста (лат. Cysta endometriotica ovarii). Оваа циста може да има негативно влијание врз процесот на зачнување, но и не мора да значи. При самото спомнување на чоколадната циста, многумина би кренале паника во однос на тоа дека е опасна болест, дека не се лекува, дека забременувањето е невозможно, дека може да премине во рак…

endometrioza-ili-cokoladna-cista-2Но, што од ова е точно? И што всушност претставува ендометриоза? 

Ендометриоза сеуште претставува недоволно откриена болест, која не се јавува само како циста на јајникот, туку може и во вид на мали/големи жаришта да се појави на многу органи. За оваа болест не се знае точно како настанува, и нема единствено и научно патентирано лекување, и не е доволно јасно дали треба истата да се оперира (лекува) пред бременоста. Но одредени познати факти и истражувања сепак ќе ви помогнат да го намалите стравот кој се појавува кај сите жени во однос на оваа болест.

Застапеност на ендометриозата.

  • Кај женската популација е застапена околу 5%.
  • Кај онаа група на жени кај кои е дијагностицирана неплодност, ендометриозата е почеста за 7 пати повеќе отколку кај останатите жени (околу 35%).
  • Кај жените со синдром на пелвична инфламаторна болест, кај 50% од нив станува збор за ендометриоза.

Теорија за настанувањето на ендометриозата.

Постојат повеќе теории за настанувањето на оваа болест.

  • Мајерова теорија или теорија на метаплазија (метаплазија на епителот за време на ембрионалниот развој).
  • Самсонова теорија или теорија на трансплатација (регургитација на менструалната крв и делови од ендометриумот низ јајцеводите).
  • Теорија на можна автоимуна болест.
  • Теорија на можна полигенска наследна болест.

Најчести симптоми на ендометриозата

(во зависност од распределеноста на ендометричните жаришта-мали темно-сини зрнца или цисти на површината на јајниците)

  • Болка во карлицата (која најчесто се зголемува за време на менструацијата).
  • Болни сексуални односи.
  • Појава на грутки кои на допир за време на гинеколошки преглед пројавуваат болка.
  • Други неспецифични симптоми во зависност од тоа дали болеста е зафатена и на други органи .

Дијагноза

Дијагнозата за ова заболување се поставува преку:

  • Анамнеза (кога постои проблем со плодноста кај жената).
  • Гинеколошки преглед.
  • Гинеколошки ултразвучен преглед (со вагинална или абдоминална/ректална сонда).
  • Мерење и испитување на туморски маркери.
  • Дијагностичка лапароскопија
  • Додатни радиолошки испитувања.

Лекување на ендометриозата

Успешното лекување на ендометризата е всушност намалување на распространетоста на ендометричните жаришта, намалување на интензитетот на болката и подобрување на репродуктивната способност, а може да биде:

  • Медикаментозно
  • Хируршко

Бидејќи ендометриозата е сеуште недоволно позната болест, за нејзинато лекување и дијагноза  да биде подобро и поточно, на секој пациент се пристапува индивидуално. Значи лекувањето кај една жена се разликува од лекувањето кај друга.

bebeboom.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top